Лин Бергрен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малин Софија Катарина Бергрен (родена на 31 октомври 1970 година) е шведска кантавторка, најпозната како поранешен член на поп-музичката група Ace of Base. Заинтересирана и вклучена во музиката уште од нејзиното детство, таа го формирала бендот во 1987 година, заедно со нејзината сестра Џени, нејзиниот брат Јонас и нивниот пријател Улф Екберг. Пред да го формира Ace of Base, Малин пеела во хорот на нејзината црква.[1] Родена е во Гетенбург, Шведска.
Лин Бергрен | |
---|---|
![]() Бергрен во 2002 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Малин Софија Катарина Бергрен |
Познат(а) и како | Лин |
Роден(а) | 31 октомври 1970(1970-10-31) (53 г.) |
Потекло | Гетеборг, Шведска |
Занимања | Пејачка, текстописец |
Инструменти | Вокали |
Период на активност | 1987–2007 |
Соработници | Ace of Base |
Кога Ace of Base потпишал договор со данската издавачка куќа Mega Records во 1990 година, Малин, или Лин како што станала позната, избрала да ја стави на чекање својата професорска кариера. Но, додека нејзината сестра Џени изјави дека отсекогаш сакала да биде пејачка, Лин никогаш не кажала ништо слично. Напротив, во 1997 година Лин рекла: „Сакав да пеам; никогаш не сакав да бидам пејачка“. Вокалниот опсег на Лин е контралто и таа е препознаена по нејзиниот препознатлив вибрато и експресивен уникатен глас.