Леон Штукељ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леон Штукељ (12 ноември 1898 – 8 ноември 1999) — југословенски гимнастичар од словенечко потекло, освојувач на првиот олимписки златен медал за Југославија.
Леон Штукељ во 1958 година | |||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 12 ноември 1898(1898-11-12) Ново Место, Австроунгарија | ||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 8 ноември 1999(1999-11-08) (возр. 100) Марибор, Словенија | ||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||
Земја | Југославија | ||||||||||||||||||||||||
Спорт | Гимнастика | ||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Штукељ е позната личност во словенската спортска историја. Тој е еден од малкуте словенски спортисти кои се искачиле на самиот врв на спортот, останувајќи таму од Светското првенство во 1922 во Љубљана па сè до Летните олимписки игри 1936 одржани во Берлин, на кои тој ја завршил својата спортска кариера.
Штукељ се натпреварувал на седум големи меѓународни натпреварувања и освоил вкупно дваесет медали: осум златни, шест сребрени и шест бронзени медали. На Олимписките игри тој освоил вкупно шест медали: два златни медали на игрите во 1924 во Париз, еден златен и два бронзени медали на игрите во 1928 во Амстердам, и еден сребрен медал на игрите во 1936 во Берлин.