Ленард Нимој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ленард Сајмон Нимој (анг: Leonard Simon Nimoy; 26 март 1931 - 27 февруари 2015) бил американски глумец, филмски режисер, пејач и фотограф кој се стекна со светска слава играјќи ја улогата на Спок во франшизата Ѕвездени патеки во период од речиси 50 години; од две пилот епизоди во 1964 и 1965 година до неговата последно појавување во 2013 година [1] Ја играл улогата на Спок во Ѕвездени Патеки: Оригинална серија (Star Trek: The Original Series), и продолжил да го игра и во Ѕвездени патеки: Анимирана серија, првите шест филмови на Ѕвездени патеки и во две епизоди од Ѕвездени патеки: Идната генерација. Нимој, исто така, режирал филмови, меѓу кои Ѕвездени патеки III: Потрагата по Спок (1984) и Ѕвездени патеки IV: Патот кон Дома (1986), и се појавил во неколку филмови, телевизиски емисии и го позајмил гласот во неколку видео игри.[3][4]
Ленард Нимој | |
---|---|
Ленард Нимој во 1973 г. | |
Роден(а) | Леонард Сајмон Нимој март 26, 1931(1931-03-26) Бостон, САД |
Починал(а) | февруари 27, 2015(2015-02-27) (возр. 83) Лос Анџелес, САД |
Почивалиште | Гробишта во меморијалниот парк Хилсјад, Цалвер Сити, Калифорнија |
Занимање |
|
Активен период | 1951–2015[1][2] |
ТВ програм(и) | Ѕвездени патеки Невозможна мисија |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Својата глумечка кариера Нимој ја започнал на свои дваесеттина години, за време на часовите по глума во Холивуд. Тој добил ситни филмски и телевизиски улоги во текот на 1950-тите. Во февруари 1965 година, за прв пат се појавил во пилот серијата „Ѕвездени патеки “ во улогата на Спок во епизодите „Кафез “ и „Каде што никој не поминал порано“, и продолжил да го игра ликот до крајот на серијата во 1969 година. Подоцна глумел или се појавил како гостин во осум играни филмови од Ѕвездените патеки. Во периодот од 1967 до 1970 година, Нимој се впуштил во музичките води. Потпишал со Дот рекордс, а во неговиот прв и втор албум тој ја користел својата популарност што ја стекнал глумејќи го ликот на Спок.[5] По оригиналната серија „Ѕвездени патеки “, Нимој глумел во две сезони од серијата „Невозможна Мисија“, бил водител во документарната серија „Во потрага по...“ и зел учество во неколку други сценски настапи.
Успешната изведба на ликот на Спок од страна на Нимој имало силно културно влијание, а му донесе и три номинации за Еми наградата.[6][7] Тој станал толку популарен како Спок што и двете негови автобиографии, „Јас не сум Спок“ (I Am Not Spock) (1975) и Јас сум Спок (I Am Spock) (1995), биле напишани од гледиште на споделување на неговото постоење со ликот.[8][9]
Во 2015 година, Нимој починал по долга битка со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неговата смрт била дочекана со шок и чувство на тага од обожавателите, колегите од „ Ѕвездени патеки “, научниците и славните личности.[10][11][12] Во негова чест е именуван астероидот 4864 Нимој.[13] По неговата смрт неговиот син и ќерка ги продуцирале документарците „Од љубов кон Спок“ (For the Love of Spock) (2016) и Сеќавање на Леонард Нимој (Remembering Leonard Nimoy)(2017), и тие го опфаќаат неговиот живот, кариера, а подоцна и неговата болест.[14]