Ла Специја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ла Специја; (A Spèza на локалниот дијалект Специно) е главен град на провинцијата Ла Специја и се наоѓа на чело на Заливот Ла Специја во јужниот дел на регионот Лигурија во Италија.
Ла Специја е вториот по големина град по Џенова во регионот Лигурија. Сместен е приближно на половина пат помеѓу Џенова и Пиза, на Лигурското Море, и претставува едно од главните италијански воени и комерцијални пристаништа и тука се наоѓа голема база на италијанската морнарица . Градот е популарно приморско одморалиште и значаен железнички спој. Познат е по своите музеи, по трката за веслање Палио дел Голфо и по железничките и бродските врски со Чинкве Тере.