![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ed/Germany_adm_location_map.svg/langmk-640px-Germany_adm_location_map.svg.png&w=640&q=50)
Ландсберг (Саксонија-Анхалт)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ландсберг (германски: Landsberg) — град во округот Зале, во покраината Саксонија-Анхалт во Германија со околу 12.000 жители. Ландсберг се наоѓа во поголемата урбана зона на Хале.
Ландсберг | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Зале |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Олаф Хајнрих |
Основни податоци | |
Површина | 125 км2 |
Надм. височина | 97 м |
Население | 15.068 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 121 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SK |
Пошт. бр. | 06186–06188 |
Повик. бр. | 034602 |
Портал | www.stadt-landsberg.de |
Местоположба на градот Ландсберг во рамките на округот Зале | |
![]() | |
Координати | 51°32′N 12°10′E |
Најстариот доказ за населба во близината на Ландсберг е од новото камено доба. Првото документирано спомнување на населбата дошло во 961 како „civitas holm“ во документ од царот Отон I. Во 1579, Ландсберг ги добил градските права од војводите на Саксонија.
Видлив дури и далеку од градот е една од знаменитостите на Ландсберг, Двојната капела, изградена во романски стил на карпа. Се верува дека потекнува до дванаесеттиот век и припаѓала на замок, чии остатоци се единствено од ѕидот.
Надалеку познат во Ландсберг е Felsenbad („карпеста бања“), комплекс на базен со платформи за скокања, олимписки базен од 50 метри и огромен плиток базен, каде што непливачите може да се избањаат.