море во Јужниот Океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Лазаревoто Море било предложено име за рабно море во Јужниот Океан. Тоа би требало да се граничи со два предлога од нацртот на Меѓународната хидрографска организација (МХО) од 2002 година, и тоа со Морето на Кралот Хокон VII на запад и Рисер-Ларсеновото Море на исток, или помеѓу нултиот меридијан од 0 ° и 14 ° ИГД. Тоа треба да се протега на површина од 929.000 км2.
Лазаревото море било именувано во 1962 година, од страна на советската антарктичка експедиција, во чест на рускиот адмирал Михаил Лазарев (1788-1851), кој во 1820 година со Фабијан Готлиб фон Беллингсхаузен го открил копното на Антарктикот. Нацртот на МХО од 2002 година никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година (кој не го содржел ова име) останува моментално во сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10-тото издание на Светскиот атлас на Националното географско друштво од САД од 2014 година, како и и 12-тото издание на Атласот на светот од Британискиот Тајмс од 2014 година. Но мапите на советската и руската држава го користат името.
Преовладувачката длабочина на водите тука е 3.000 м, а максималната длабочина надминува 4.500 м. Се протега на површина од 929.000 км2.
На југ од Лазаревото Море лежи Брегот на Принцезата Астрид од Земјата на Кралицата Мод.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.