From Wikipedia, the free encyclopedia
Ладислав Клима (чешки: Ladislav Klíma) (1878 - 1928) - чешки писател и филозоф.
Клима бил многу оригинален човек, не само во творештвото, туку и во секојдневното однесување, бидејќи со својот животен стил свесно ги кршел границите на прифатените општествени норми. Поради навреда на Хабсбуршката династија бил избркан од гимназијата во родното место, така што школувањето го продолжил во Загреб, но и таму не ја завршил гимназијата.
Клима напишал неколку филозофски книги, а негови највредни дела се гротескниот роман „Страдањата на кнезот Стерњенхох“, новелата „Славната Немезис“ и збирката кратки раскази „Како ќе биде по смртта“.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.