![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/47/Laguna_Chicabal2.jpg/640px-Laguna_Chicabal2.jpg&w=640&q=50)
Лагуна Чикабал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лагуна Чикабал (шпански: Laguna Chikabal) — гватемалско езеро кое е свето за Мајанскиот народ Мами. Езерото се наоѓа во близина на гратчето Сан Мартин Сакатепеквез во департманот Кецалтенанго. Како кратерско езеро, Лагуна Чикабал е формирано во кратерот на вулканот Чикабал на надморска висина од 2.712 m. Околината на езерото е магловита шума.
Кратки факти Лагуна Чикабал Laguna Chicabal, Координати ...
Лагуна Чикабал Laguna Chicabal | |
---|---|
Координати | 14°47′N 91°40′W |
Вид | кратерско езеро |
Земји во сливот | ![]() |
Најг. ширина | 575 m |
Најг. длабочина | 331 m |
Надм. височина на површината | 2,712 m |
Затвори
Лагуна Чикабал е изграден како центар на Мам-Мајанската "космовизија", и мајанските традиционалисти сѐ уште користат неколку жртвеници на езерскиот брег. Постојат рестрикции при посета на езерото во почетокот на мај, кога маите ги слават нивните традиционални церемонии без никаково вознемирување. Поради големата духовна важност на езерото, капењето е забрането.