Лавовската Област (украински: Львівська область) — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во најзападниот дел на земјата. Taa е дел од историската област Галиција (Источна Галиција). Граничи со Волинската, Ивано-Франковската, Закарпатската и Тернополската Област. На запад, Лавовската област граничи со Полска. Опфаќа површина од 21 833 км2. Во областа има 1 849 села и 44 градови.

Повеќе информации Лавовска ОбластЛьвівська область, Знаме ...
Лавовска Област[1]
Львівська область
Знаме
Thumb
Местоположба
Thumb
Информации
Админ. центар:Лавов
Официјални јазици:украински
Површина:21 833[2] km²
Население:2,478,133 (2022 проценка).[3][4]
Број на реони:20
Регистерска ознака:ВС
Областен управител:Максим Козицкиј[5]
Затвори
Thumb
Поглед кон Лавов

Историја

  • 1795-1918, Источна Галиција заедно со полската Западна Галиција е дел на Австрија, а потоа на Австроунгарија под името Кралство Галиција.
  • Западно Украинска Народна Република 1918—1921
  • Дел на Полска 1921—1939
  • Советскиот Сојуз ја анектира Источна Галиција (1939)
  • Од 1939 година, под името „Лавовска Област“, областа е дел на Украинската ССР.
  • Во 1959, територијата на Дрогобицката област влегува во Лавовската
  • Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.

Демографија

Според пописот на населението во 2001 година, во Лавовската Област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (200 000), Пољаци, Германци, Евреи.

Религија

56% се припадници на Украинската Гркокатоличка Црква, втора по големина е Украинската Автокефална Православна Црква[6] , а има припадници и на Римокатоличката црква.[7]

Наводи

Надворешни Врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.