Лавал (Мајен)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лавал — град во западна Франција, оддалечен околу 300 километри југозападно од Париз, и е главен град на департманот Мајен. Лавал пред француската револуција бил дел од покраината Мен, сега поделена помеѓу два департмани, Мајен и Сарт. Општината Лавал, без метрополитенската област, е тринаесетта најнаселена во северозападна Франција и 119. во целата држава.[1]
Лавал | ||
---|---|---|
Поглед на замокот и реката Мајен. | ||
| ||
| ||
Координати: 48°04′24″N 0°46′08″W | ||
Земја | Франција | |
Регион | Лоарски Крај | |
Департман | Мајен | |
Округ | Лавал | |
Општ. заедница | Агломерација Лавал | |
Управа | ||
• Градоначалник | Франсоа Зокето (СП) | |
Површина1 | 34,2 км2 (132 ми2) | |
• Градска | 115,7 км2 (447 ми2) | |
• Метро | 771,09 км2 (29,772 ми2) | |
Население (2009)2 | 51.182 | |
• Ранг | 119. во. Франција | |
• Густина | 150/км2 (390/ми2) | |
• Градскo (2009) | 67,671 | |
• Градска | 0,058/км2 (0,15/ми2) | |
• Метро (2009) | 119,475 | |
• Метро | 0,0.015/км2 (0,0.040/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 53130 / 53000 | |
Надм. висина | 42 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Дел од традиционалната провинција Мен, Лавал е сместен на почетокот на областа Бретања и не е далеку од Нормандија и Анжу. Заради тоа било важно упориште во северозападниот дел на Франција во текот на средниот век. Лавал станал град во текот на 11. век, и бил дом на династијата Лавал, едно од најсилните семејства во Мен и Бретан. Грофовите на Лавал развиле текстилна индустрија околу 1300 година и од Лавал направиле значаен центар за француската ренесанса век подоцна. Оваа индутрија останала главна дејност во Лавал сè до 20. век, кога преработкатата на млеко станало многу попрофитабилно.
Лавал е развиен околу ’рт, на кој бил изграден замокот, и по текот на реката Мајен. Метрополитенската област на градот е мал економски центар во западна Франција, главно активен во индустрискиот сектор, производството на млеко, електроника и хемикалии. Лавал е економски ориентиран кон Рен, административниот главен град на регионот Бретања, и сместен 80 километри западно од Лавал. Во рамките на градот живеат 51,182 жители,[2] а околу 120.000 лица живеат во метрополитенската област[3]
Лавал е родното место на Анри Русо, голем сликар од наивен стил, и во градот има музеј посветен на него и на другите сликари од истиот стил. Лавал исто така поседува значајно архитектонско наследство, како замокот, дел од градските ѕидини, средновековни куќи, стари мостови и цркви.