К-152 Нерпа (подморница)
From Wikipedia, the free encyclopedia
К-152 Нерпа (руски: „К-152 «Нерпа»“) — подморница тешка 8,140 тони, дел од проектот 971 Шчука-Б (НАТО: „Akula II“) и е подморница дизајнирана за јадрен напад. Изградбата на подморницата започнала во 1993 година, но била суспендирана поради недостаток на средства. К-152 Нерпа била лансирана во октомври 2008 година, а стапила во сервис на Руската морнарица кон крајот на 2009 година. Подморницата е исто така испорачана на Индиската морнарица во 2010 година.
Кратки факти Кариера (Русија), Кариера (Индија) ...
Проектот 971U во служба на Индиската морнарица | |
Кариера (Русија) | |
---|---|
Назив: | K-152 Нерпа |
Истоименик: | Бајкалска фока |
Градител: | Бродоградбена централа во Амур, Комсомолск |
Спуштен: | 1993 |
Пуштен: | октомври 2008 |
Започнал со служба: | 2009 |
Судбина: | Префрлен во служба на Индиската морнарица на 4 април 2012 |
Кариера (Индија) | |
Назив: |
Чакра Chakra |
Започнал со служба: | 4 април 2012 |
Матично пристаниште: | Вишакаптанам |
Статус: | активна служба |
Општи карактеристики | |
Потисок: | 8140 т на површина |
Должина: | 108-111,7 м (варијации поради различни извори) |
Ширина: | 13,5 м |
Под вода: | 9,6 м |
Затвори
Додека К-152 Непра била на испитување во Јапонското Море на 8 ноември 2008 година, се случила несреќа при што загинале 20 морнари, а 21 морнар бил повреден.