Кула
градба со поголема височина од широчина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кула — висока градба, повисока отколку што е широка, често со значителна маргина. Кулите се разликуваат од јарболите според недостатокот на затегнат кабел дизајниран за да даде стабилност на слободната структура и затоа, заедно со високите згради, e самоодржлива структурa.
Кулите се разликуваат од "зградите" бидејќи тие не се изградени да бидат погодни за живеење, туку имаат други функции. Главната функција е користењето на нивната висина за да се постигнат различни други функции и тоа: видливост на другите елементи во прилог на кулата како саат-кулата; како дел од една поголема структура или уред за да се зголеми видливоста на околина за одбранбени цели, како и во утврдените градби како замокот; како структура за набљудување и за рекреативни цели; или како структура за телекомуникациски цели. Кулите можат да бидат самостојни структури или да бидат поддржани од соседните градби или можат да бидат на врвот на голема структура или зграда.