Крштевање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крштевање — обредно прочистување на телото во вода.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Крштевањето во христијанството е темелна тајна на црква. По применото крштевање, лицето може да биде наречен христијанин, станува полноправен член на христијанската црква и стекнува право на сите останати тајни и богослужби на црквата, но и на себе ги прима сите останати одговорности во црквата. Самото крштевање било потенцирано и од страна на Исус Христос:
„ | Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал![1] | “ |
„ | Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние? И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа | “ |
Исто така, преку крштевањето според христијанската традиција, се влегува во црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Исус:
„ | Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо[2] | “ |
Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови.