Кровна градина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кровна градина или покривна градина е градина која се наоѓа на покривот (кровот) на една зграда.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/7/7e/Krovni_gradini-Cair.jpg)
Луѓето одгледувале растенија врз објекти уште од античко време. Покрај нивната украсна улога, растенијата на покривите можат да служат како храна, контрола на температура, архитектонско разубавување и рекреацион простор . Често по градовите не може да се најде простор за градини, што е главната причина за постоењето на кровните градини. Градината може да биде на покривот на автономна зграда која се грижи за сопствената вода и отпад. Хидропоници и други алтернативни методи можат да ги зголемат можностите за кровно градинарство со намалување, на пример, на потребата за земја или нејзината огромна тежина. Саксии и слични садови се користат доста често. Високопрофилен пример за кровна градина е чикашката општинска зграда.
Поврзаната идеја за жива машина е заснована на најосновниот начин на градинарство: фрлање на отпад (ѓубриво и отпадоци), кој е соодветно расцепкан, обично во некоја специјализирана дупка или контејнер) на почвата, и берба на храна која, по обработката, создава ѓубриво, и откога ќе се изеде, отпадоци. Овој вид на затворено градинарство се користи речиси насекаде во светот, и покрај извесните здравствени ризици доколку не се употребуваат современи технологии и методи.