From Wikipedia, the free encyclopedia
Крилја се органи кај птиците (што се развиле од предните екстремитети) или инсектите и служат за летање.
Крилото кај птиците се состои од коска на рамото која е долга, шуплива и исполнета со воздух. На неа се надоврзуваат цврстата лакотна и прилично слабата палечна коска, кои заедно ја чинат подлактицата. Потоа следуваат две или најмногу три коски на зглобот и три редуцирани прсти. Кај некои видови птици палецот има нокт кој навистина личи на канџа, но е скриена со пердуви. Веднаш до палецот се наоѓа редуциран втор прст со две членчиња, а до него е сраснатиот трет прст со еден членче.
Крилото претставува двојна лепеза (на сликата означено со буквите "n" и "m") што се шири во лакотниот зглоб и зглобот на метакарпалната коска, чија голема површина ја сочинуваат пердуви за летање, наредени во два реда еден зад друг, а кај коренот се прекриени со неколку редови т.н. покривни пердуви (на сликата означено со буквата “о“), така што заедно сочинуваат мазна, непрекината површина.[1]
Птиците кои не ги користат крилјата за летање немаат пердуви за летање. Таков е случајот, на пример, со пингвините кои крилјата ги користат за летање и како кормило, или кај ноевите кои со крилјата само го помагаат одењето или трчањето, а исто така ги користат во ритуални цели (за привлекување на припадници од спротивниот пол).
Според граматичките правила во македонскиот јазик, именката крило има две изведени форми: крилја, што вообичаено се користи за живите организми, и крила, што се користи за воздухопловни објекти (авиони, ракети и сл.) или за објекти и предмети изработени од човекот (крила на шкаф, крила на зграда итн.) или пак за општествени движења (пр.: конзервативни крила во партија и сл.) и кај спортски термини (пр.: левите крила на двете екипи).[2]
Крилјата се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.