Кралство Израел (Самарија)
израелско кралство, околу 930 - 720 г.п.н.е. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Израел (библиски хебрејски: מַמְלֶכֶת יִשְׂרָאֵל) познато и како Кралство Самарија или Кралство Северен Израел ― еврејска држава на Блискиот Исток која постоела од крајот на X до крајот на VIII век п.н.е. Кралството ги опфаќало регионите Самарија, Галилеја и делови од Трансјорданската висорамнина. Главен град, во најголем дел од постоењето, била Самарија (денешна Севастија).
Кралство Израел | |||||
𐤉𐤔𐤓𐤀𐤋[1] | |||||
Кралство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Карта на Јужен Левант во 9 век п.н.е., Израел е означен со сино | |||||
Главен град |
| ||||
Јазици | Библиски хебрејски, Израелски хебрејски | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историски период | Железно време | ||||
- | Основана | ок. 930 п.н.е. | |||
- | Асириски прогон | ок. 720 п.н.е. | |||
Денес во | |||||
Според Стариот завет, по распаѓањето на Обединетото Кралство Израел на чие чело бил кралот Давид и неговиот син Соломон, се оформиле две држави: Кралство Израел на север и Кралство Јудеја на југ. Сепак, многу историчари и археолози не веруваат дека постоело Обединетото Кралство на начин како што е прикажано во Библијата.[Notes 1]
Кралството Израел, околу 720 г.п.н.е. било освоено од Новоасирското Царство.[2] Записите на Саргон II од Асирија укажуваат дека тој во Месопотамија[3]депортирал 27.290 Израелци - околу една петтина од населението од Кралството Израел.[4] Некои Израелци побегнале во јужното Јудејско Кралство,[5] а оние кои останале во Самарија, населени претежно околу планината Геризим, станале познати како Самариќани.[6] [7] На териториите од освоеното кралство исто така се населиле Асирци и други народи.[7]