Кралот Лав
американски цртан-филм од 1994 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралот Лав (англиски: The Lion King) — американски долгометражен цртан-филм, снимен во 1994 година, од Волт Дизни Фичр Енимејшн. Филмот за првпат е прикажан во кино салите во САД, на 15 јуни 1994 година, од страна на Walt Disney Pictures. Тој се наоѓа на 32-то место на листата најдобрите цртани класици на Волт Дизни. Приказната на филмот се одвива во кралството на антропоморфираните лавови во Африка и е инспирирана од приказните за Јосиф и Мојсеј од „Библијата”, „Епот за Сундијата” и од „Хамлет” на Вилијам Шекспир.
„Кралот Лав“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер |
|
Продуцент | Дон Хан |
Главни улоги |
|
Музика | Ханс Цимер |
Монтажа | Иван Биланчо |
Студио | Walt Disney Pictures Walt Disney Feature Animation |
Премиера | јуни 15 1994 (1994-06-15) |
Времетраење | 88 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $45 милиони |
Бруто заработка | $968.5 милиони |
Филмот беше со најголема заработувачка до прикажувањето на филмот „Барајќи го Немо” (компјутерски-цртан филм на Дизни/Пиксар од 2003 година). „Кралот Лав” е шестиот цртан филм со најдобра заработувачка и останува да биде најдобриот рачно нацртан филм во историјата. Филмот и припаѓа на Дизниевата ренесансна ера, која ги опфаќа филмовите снимени од периодот на доцните 1980-ти години, па сè до крајот на 1990-те години, кога се снимени најуспешните цртани филмови на Дизни.
„Кралот Лав” е 2D филм со најголема заработувачка во САД и има добиено голем број позитивни критики и пофалби за неговата музика и приказна. За време на неговото издавање, филмот доби заработувачка од 783 милион долари на светско ниво, што го прави филмот најуспешен таа година. Моментално е на 32-то место на цртани филмови со најголема заработувачка.
Како делумно музички филм, „Кралот Лав” доби две филмски награди на Академијата на САД, за неговите музички достигнувања. Тој исто така доби награда Златен Глобус за најдобар филм од жанрот, мјузикл или комедија. Песните на филмот се напишани од композиторот и пејач Елтон Џон и од текстописецот Тим Рајс. Дизни подоцна продуцираше два поврзани филмови: продолжение, „Кралот Лав II: Гордоста на Симба” (1998) и претходник на филмот, „Кралот Лав 1½” (2004).