Коњак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коњак, наречен по градот Коњак кој се наоѓа во провинцијата Поату-Шаранта, Франција , е вид на бренди произведен во регионот околу градот. Тој мора да биде направен од најмалку 90% на Ugni Blanc, Folle Blanche или Colombard грозје. Може да содржи и видови на Folignan, Jurançon blanc, Meslier St-François, Sémillon. Сепак, повеќето видови на коњак се направени од Ugni Blanc. Тој мора да биде дестилиран двапати и отстоен најмалку две години во француски дрвени бочви кои се запечатени.
Сличен пијалак, но дестилиран на различен начин и произведен во друг регион, е армањакот, од областа Армањак во Франција. Исто така има и пијалак заснован на јаболка од Долна Нормандија. Има и сливово бренди кое потекнува од областа Сојлек, во Франција. Градот Коњак е само еден од трите официјални брендовски региони во Европа. Другите се францускиот град Армањак и шпанскиот град Херез. Регионот овластен за производство на коњак е поделен на 6 големи региони и ги покрива областите на Приморска Шаранта, голем дел од Шаранта и неколку области во Де Севр и Дордоња. Дури и внатре во одредените региони доколку произведениот бренд на коњак не ги задоволува строгите критериуми на овластеното тело за коњак BNIC-Bureau National Interprofessionel du Cognac, можно е да не се нарече коњак и да не биде продаван како таков. Даден е примерок за оригинален коњак . Произведениот бренд на коњак каде било во Франција или во било кој друг дел од светот не може легално да се нарече „Коњак“.
- Мора да биде произведен во одреден регион од вино произведено од висококвалитетни сортни грозја;
- Мора да биде двапати дестилиран во бакарни дестилациони казани;
- Мора да биде зреено во француски дрвени бочви кои придонесуваат за неговата боја и неговиот вкус.
Повеќето од производителите на коњак, во градот Коњак и неговата околина дозволуваат посетителите да ги пробаат нивните производи. Поголемите компании имаат организирани тури за да им покажат на своите посетители како се прави коњак.