Кошарка на Летните олимписки игри 2016 (мажи)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Машкиот турнир во кошарка на Летните олимписки игри 2016, се одржал во Рио де Жанеиро, Бразил, од 6 до 21 август. На турнирот учествувале 12 репрезентации.[1]
Матична статија: Кошарка на Летните олимписки игри 2016.
19. Олимписки турнир во кошарка | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Рио де Жанеиро 2016 | |||||||||
Податоци | |||||||||
Домаќин | Бразил | ||||||||
Град | Рио де Жанеиро | ||||||||
Мажи | |||||||||
Екипи | 12 | ||||||||
| |||||||||
Одиграни натпревари | 38 | ||||||||
Најдобар стрелец | Бојан Богдановиќ (25.3 ппн.) | ||||||||
Турнир | |||||||||
|
Натпреварите на машкиот турнир се одиграле во Кариока Арена 1, која има капацитет од 16,000 гледачи, додека натпреварите на женскиот турнир се одиграле во Младинската Арена. Ова било прв пат машките и женските олимписки турнири да се играат во повеќе/засебни места.
Натпреварот за златниот медал во оваа дисциплина бил последниот натпреварувачки настан пред церемонијата на затворање на игрите.[2] Репрезентацијата на САД го освоила својот петнаесетти златен медал, откако ја совладале Србија, со резултат 96–66, во финалето,[3][4][5][6] што била победа со најголема разлика во натпревар за златниот медал, од Летните олимписки игри 1992.
Шпанија го освоила бронзениот медал, совладувајќи ја Австралија со 89-88 во натпреварот за бронзен медал.[7]