Котопакси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Котопакси — активен вулкан сместен во Еквадор.
Котопакси | |
---|---|
Котопакси | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5897 м |
Истакнатост | 2403 м [1] |
Заведена како | Ултра |
Координати | 0°40′50″S 78°26′16″W |
Географија | |
Место | Еквадор |
Матичен венец | Анди |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан, Историски |
Вулкански лак/појас | Северна вулканска зона |
Последен избув | 1940 or 1942 |
Искачување | |
Прво освојување | 28 ноември 1872 од страна на Вилхелм Рејс и Ангел Ескобар |
Најлесен пат | Северна страна: ледник/качување по снег |
Со ледници покриениот Котопакси е највисок активен вулкан на светот. Како еден од најактивните вулкани во Еквадор, тој има стрмни страни и речиси симетричен конус покриен со длабоки кратери, што како гнезда се всадуваат во неговиот врв. Сегашниот конус, избразден со засеци што биле направени од тековите лава и од лакарите, се создал во текот на последните 5,000 години. Котопакси има долга историја на експлозивни ерупции меѓу кои спаѓа и онаа од 1534 година, со која е завршена борбата меѓу Инките и шпанските конквистадори. Во текот на една од неговите најразорни ерупции во 1877 г., дошло до паѓање на еруптивниот столб и до создавање пирокластични текови и лахари кои ги уништиле блиските котлини, истекувајќи по насока над 100 км во Тихиот Океан.
Од 1738, Котопакси избувнал повеќе од 50 пати. Последната ерупција траела од август 2015 до јануари 2016.[2] Котопакси бил официјално затворен за искачување од страна на властите сè до неговото повторно отворање на 7 октомври 2017.