From Wikipedia, the free encyclopedia
Косово го прифатило еврото како своја де факто валута во 2002 година[1] и покрај тоа што територијата не е членка на еврозоната или на Европската унија. Ова следело по употребата на германската марка од 1999 година.[2][3][4]
За време на распадот на Југославија во 90те, Косово неуспешно се обидело да добие независност, а во 1998-1999 година ситуацијата ескалирала со војна.
Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 година. До 4 септември 2020 година, 113 од 193 (58,5%) земјите членки на Обединетите нации формално ја признале независноста на Република Косово. Од друга страна, 23 од 28 (82%) земјите членки на Европската унија и 24 од 28 (86%) земјите членки на НАТО го признаваат Косово. Србија одбива да ја признаат независноста.
Пред воспоставувањето на Мисијата за привремена администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Косово (како дел од Србија) бил дел југословенската монетарна политика и го користело југословенскиот динар. Сепак, инфлацијата во време на војна и тензиите со Сојузна Република Југославија сериозно го дискредитирале југословенскиот динар. Како резултат, многумина претпочитаа да користат и да собираат странски валути наместо да се потпираат на динарот. Најчесто користени странски валути биле албанскиот лек и германската марка, иако американскиот долар и швајцарскиот франк биле исто така широко користени.
Во непосредниот период по конфликтот, широко се користеле други валути - особено Германската марка[5] - заедно со динарот. Во септември 1999 година, УНМИК донел регулатива со која се прифаќа употреба на други валути. Ова ја призна статус кво состојбата.[6][7][8] Југословенскиот динар никогаш не бил официјално повлечен од оптек, но неговата употреба „не била охрабрена“. Продолжила и употребата на други валути, главно на албанскиот лек.[а 1][9] Германската Бундесбанка не била претходно информирана и не испратила дополнителни монети и банкноти до Косово за промена. Но, бидејќи немало ограничувања за увоз и извоз на германски марки, а многу Косовари кои работеле во странство испратиле пари дома, било возможно да се снабди Косово со доволни количини на марки.
Југословенскиот (а подоцна и српскиот динар) продолжил да се користи во северно Косово и во српските енклави низ Косово.
Како и Германија, Косово преминало на еврото на 1 јануари 2002 година. Германската марка останала законско средство за плаќање во Косово до 9 март 2002 година.
Промената на еврото била постигната во соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) и националните банки во еврозоната.[10] До декември 2001 година, околу 100 милиони евра во готовина биле однапред опремени со Управата за банкарство и плаќања на Косово. Косово не кова никакви монети.
Косово е потенцијален кандидат за влез во Европската унија. Европската комисија и Европската централна банка го изразиле своето незадоволство од земјите што еднострано го прифаќаат еврото во повеќе наврати во минатото[11] и не е јасно дали Косово ќе може да пристапи во ЕУ додека го користи еврото. Ова прашање се очекува да се реши преку процесот на пристапни преговори, при што ЕЦБ изјавила дека импликациите од едностраното усвојување на еврото „ќе бидат изнесени најдоцна во случај на можни преговори за пристапување во ЕУ“. Дипломатите сугерираат дека е малку веројатно земјите да бидат принудени да го повлечат еврото од оптек.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.