Космополитизам (биологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во биогеографијата, еден таксон се смета за космополитски ако неговиот ареал се протега ширум целиот (или речиси целиот) свет, во сите погодни живеалишта. На пример, китот убиец има космополитски ареал бидејќи живее во сите океани и речиси сите мориња на светот. Истото важи и за некои заразни болести.[1] Други вакви примери се луѓето, штитестиот лишај (Parmelia sulcata) и мекотелниот род Дагња (Mytilus).[1] Ваквата состојба може да се должи на широк дијапазон на толеранција во животните средини[2][3] или пак поради брзо распространување на видот во однос на времето потребно да еволуира.[4]
Спротивна состојба на космополитизмот е ендемизмот, каде извесен вид се среќава само во едно ограничено подрачје.