Копа Америка 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 2016, попознато како Копа Сентенарио 2016 или Копа Америка 2016 — 45-тото издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во САД од 3 јуни до 26 јуни 2016 година. Турнирот претставувал прослава на стогодишнината од основањето на КОМНЕБОЛ и Копа Америка. За прв пат, домикин била земја надвор од Јужна Америка[3].
Копа Америка 2016 | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Земја | САД[1] |
Датум на одржување | 3 јуни — 26 јуни 2016 |
Екипи | 16 (од две конфедерации) |
Стадиони | 10 (од 10 градови) |
Финални резултати | |
Шампион | Чиле (2-ри) |
Второ место | Аргентина |
Трето место | Колумбија |
Четврто место | САД САД |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 32 |
Постигнати голови | 91 (2.84 по натпревар) |
Гледачи | 1,483,855 (0 по натпревар) |
Голгетер | Чиле Варгас (6 голови)[2] |
Најдобар играч | Чиле А. Санчес[2] |
Имињата на турнирот се различни за да се одбележи стогодишнината и се La Copa América Centenario Estados Unidos 2016[4][5], Copa América Centenario[6], Copa América Centenario 2016[7], Copa América del Centenario[8] Турнирот се одржал како дел од договорот помеѓу КОНМЕБОЛ (конфедерацијата на јужноамериканскиот фудбал) и КОНКАКАФ (конфедерацијата на фудбалот на Северна и Централна Америка и Карибите) како специјално издание помеѓу вообичаениот четиригодишен циклус и имал проширено издание од шеснаесет тимови (зголемување од вообичаените дванаесет), со сите десет екипи од КОНМЕБОЛ и шест екипи од КОНКАКАФ. И покрај тоа што турнирот е официјално повторување на Копа Америка, победникот нема да добие покана за Купот на конфедерации на ФИФА 2017 поради комеморативната природа на турнирот, иако победникот Чиле веќе се квалификувал поради победата во 2015 година.
Чиле станала четвртата нација која освоила најмалку две последователни титули на турнирот КОНМЕБОЛ, по Уругвај, Аргентина и Бразил. Аргентина, пак, го загубила своето трето последователно финале на голем турнир, по поразите од Германија на Светското првенство 2014 година и од Чиле на Копа Америка 2015 година. Вклучувајќи ги загубите на Аргентина од Бразил (Копа Америка 2004, Копа Америка 2007 и Куп на конфедерации на ФИФА 2005) и Данска (Куп на кралот Фахд 1995), ова бил седми пораз на Аргентина во финале од нивниот последен триумф на Копа Америка во 1993 година.