Контрактовски плоштад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Контрактовскиот плоштад (украински: Контрактова площа) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Подил, и претставува голем економски, културен и транспортен центар на Подил.
Плоштадот бил познат уште во времето на Киевска Рус како стратешки дел од Подил[1]. Изградбата започнала во текот на XVIII век[1][2].
Во периодот од 1748-1749 година била изградена Самсоновата фонтана, чија изградба била наменета за дистрибуција на водата во оваа област[3].
Во текот на својата историја, плоштадот имал многу имиња. Во периодор од 1869-1919 се викал Александров плоштад, во периодот од 1919-1944 се викал Црвен плоштад, од 1945-1990 се викал Контрактовски, но сè уште популарно се нарекувал по своето старо име, за да во 1990 официјално биде преименуван под денешното име.
Позначајни градби:
- Контрактовска куќа
- Самсонова фонтана
- Национална банка на Украина
- Национален универзитет „Киево-Могиланска академија“