From Wikipedia, the free encyclopedia
Константиновиот мост (бугарски: Константинов мост; романски: Podul lui Constantin cel Mare) ― поранешен римски мост над Дунав кој бил користен за повторно освојување на Дакија. Тој бил завршен во 328 година од новата ера и останал во употреба четири децении.[3][4]
Константинов мост | |
---|---|
Константиновиот мост на картата | |
Координати | 43°45′49″N 24°27′25″E |
Преминува | Дунав |
Место | Помеѓу Сукидава (денешна Корабија, Романија) и Оескус (денешен Гиген, Бугарија) |
Особености | |
Вкуп. должина | 2,437 м |
Ширина | 5.7 м |
Висина | 10 м |
Историја | |
Завршен | 328 година |
Отворен | 5 јули 328 г.н.е.[1] |
Затворен | средина на 4 век[2] |
Местоположба | |
Службено бил отворен на 5 јули 328 н.е. во присуство на императорот Константин Велики.[5] Со вкупна должина од 2,434, 1,137 од кои се протегал над коритото на Дунав,[6] Константиновиот мост се смета за најдолгиот антички речен мост и еден од најдолгите на сите времиња.[7]
Тој бил градба со ѕидани столбови и дрвен своден мост и со дрвена надградба. Изграден бил помеѓу Сукидава (денешна Корабија, округ Олт, Романија) и Оескус (современ Гиген, област Плевен, Бугарија),[8][9] од Константин Велики.[10] Мостот очигледно бил користен до средината на IV век, главната причина за оваа претпоставка е дека Валенс морал да го помине Дунав користејќи мост од чамци кај Константијана Дафне за време на неговата кампања против Готите во 367 година.[11]
Додека Лујџи Фердинандо Марсиљи се обидел да го смести мостот во 17 век и Александру Поповичи и Цезар Болијак ја продолжиле оваа потрага во 19 век, првите вистински научни откритија ги извршиле Григоре Точилеску и Памфил Полоник во 1902 година. Во 1934 година Думитру Тудор го објавил првото целосно дело во врска со мостот, а последниот систематски пристап на северниот брег на Дунав бил изведен во 1968 година од Октавијан Торопу.
Должината на мостот беше 2,434 со дрвена палуба со ширина од 5.7 м на 10 м над водата.[4] Мостот имал два потпорни столбови на секој крај, кои служеле како порти за мостот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.