Конгрес на Соединетите Американски Држави
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конгресот на Соединетите Американски Држави (англ. United States Congress) е дводомно легислативно тело на федералната влада на САД кое се состои од Сенат и Претставнички дом. Сенаторите и претставниците се избираат на директни избори.
Конгрес на Соединетите Американски Држави | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Houses | Сенат Претставнички дом |
Историја | |
Основан | 4 март 1789; пред 235 години (1789-03-04) |
Претходен состав | Конгрес на Конфедерацијата |
Актуелен собор | 3 јануари 2021 |
Водство | |
Претседател на Сенатот | |
Спикер на Претставничкиот дом | |
Состав | |
Места |
|
Сенат политички групи | Мнозинство (50)[б 1]
Малцинство (50)
|
Претставнички дом на САД политички групи | Мнозинство (220)
Малцинство (212)
Празни (3)
|
Зборно место | |
Капитол на САД Вашингтон Соединети Американски Држави | |
Мрежно место | |
congress.gov | |
Устав | |
Устав на Соединетите Американски Држави |
Претставничкиот дом има 435 претставници кои ги претставуваат своите изборни единици во период од две години. Местата во Претставничкиот дом се сразмерно поделени помеѓу сојузните држави според нивната популација. Во Сенатот, секоја сојузна држава на САД е претставена со по двајца од вкупно 100-те сенатори. Секои две години се избираат приближно една третина од сенаторите во Сенатот, а тие имаат 6-годишен мандат.[2]
Целокупната законодавна власт на САД е во рацете на Конгресот. Иако имаат некои специфични улоги предвидени со уставот на САД, Претставничкиот дом и Сенатот се рамноправни партнери во законодавниот процес: законите не можат да се донесат без согласност од обата дома.
Конгресот се среќава во Капитолот на САД, во Вашингтон, округ Колумбија.