![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ec/CRPD_members.svg/langmk-640px-CRPD_members.svg.png&w=640&q=50)
Конвенција за правата на лицата со попреченост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конвенција за правата на лицата со попреченост - меѓународен договор за човекови права на Обединетите Нации наменет за заштита на правата и достоинството на лицата со попреченост. Од договорните страни на Конвенцијата се бара да промовираат, заштитуваат и обезбедат целосно уживање на човековите права од страна на лицата со попреченост и да обезбедат целосна законска рамноправност. Конвенцијата доведе до промена во погледот кон лицата со попреченост: наместо да се цел на добротворни организации, медицински третмани и социјална заштита, тие станаа целосни и рамноправни членови на општеството што ги уживаат човековите права. Ова е единствен инструмент за човекови права на ОН со изразита димензија за одржлив развој. Конвенцијата е прв договор за човековите права во дваесет и првиот век.[1]
Текстот беше усвоен од страна на Генералното Собрание на ОН на 13 декември 2006 година,[2] и отворен за потпишување на 30 Март 2007 година. По ратификацијата од страна на 20-тата партија, договорот стапи во сила на 3 Мај 2008 година.[3] Од октомври 2017, има 160 потписнички и 175 договорни страни, и вклучува 172 држави и Европската Унија (која го ратификуваше на 23 декември 2010 одговорностите на земјите-членки беа префрлени на Европската Унија).[4] Во декември 2012 година, при гласање во Сенатот на САД фалеа уште шест гласови од две-третинското мнозинство потребно за ратификација.[5] Конвенцијата ја следи Комитетот за правата на лицата со попреченост.