Конвенција за геноцид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството за геноцид била едногласно усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации на 9 декември 1948 година како Резолуција 260 на Генералното собрание.[1] Конвенцијата стапила на сила на 12 јануари 1951 година.[2] Таа го дефинирала геноцидот во правна смисла и е кулминација на повеќегодишната кампања на адвокатот Рафаел Лемкин.[3] На сите земји учеснички им се препорачало да спречат и казнат активности на геноцид во војна и во доба мир. Од мај 2019, 152 држави го ратификувале или пристапиле кон договорот, неодамна Маурициус на 8 јули 2019 година.[4] Една држава, Доминиканската Република, го потпишала, но не го ратификувала договорот.
Кратки факти Конвенција за спречување и казнување на злосторството за геноцид, Потпишан ...
Конвенција за спречување и казнување на злосторството за геноцид | |
---|---|
Потпишан | 9 декември 1948 |
Место | Париз |
На сила од | 12 јануари 1951 |
Потписници | 39 |
Странки | 152 |
Чувар | Генерален секретар на Обединетите нации |
Затвори