Комунистичка интернационала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Комунистичка интернационала (позната како Коминтерна или Трета интернационала) (1919-1943) била меѓународна комунистичка организација создадена во Москва во март 1919 година. Коминтерната имала за цел да се бори „со сите расположливи средства, вклучувајќи и вооружени, за отфрлање на меѓународната буржоазија и за создавање на една меѓународна Советска република како преодна фаза до целосно укинување на државите“. Коминтерната била официјално распуштена од страна на Јосиф Сталин во 1943 година.
Кратки факти Комунистичка интернационала, Основач ...
Комунистичка интернационала | |
---|---|
Основач | Владимир Ленин |
Основана | 2 март 1919 |
Распуштена | 15 мај 1943 |
Насленик | Комунистичкото информациско биро |
Идеологија |
|
Бои | Црвена |
Затвори