![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/eb/Intikawan_Amantani.jpg/640px-Intikawan_Amantani.jpg&w=640&q=50)
Колумбовска размена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колумбовската размена била драматична и распространета размена на животни, растенија, култура, население (вклучувајќи робови), заразни болести, и мисли помеѓу источната и западната полутопка (стариот и Новиот Свет). Тоа е еден од најважните настани поврзани со екологија, земјоделство и култура во историјата на секој народ. Првото патување на Кристофер Колумбо кон Америка во 1492 година го започна периодот на зголемениот контакт помеѓу стариот и Новиот Свет што заврши со оваа еколошка револуција, така произлегло името „колумбовска“ размена. Поимот беше воведен од Алфред Крозби, историчар, професор и автор, во неговата книга издадена во 1972 година, наречена „колумбовска размена“. колумбовската размена имала силно влијание врз секое општество во светот. Нови болести биле донесени од Европа, од кои американските староседелци немале отпорност, па значително се намалил бројот на населението. Податоците за бројот на населението пред колумбовската размена во Америка варира, но бројката на оние староседелци кои го изгубиле животот во тој период се движи помеѓу 50 и 90 проценти.[1] Од друга страна, допирот помеѓу новиот и Стариот Свет произвел широка разновидност на добиток и жито, што ја зголемило бројноста на населението во двете полутопки. Истражувачите се вратиле во Европа со пченка, компири и домати, кои веднаш станале неопходни и барани во Евроазија во 18 век. Слично, жителите на Европа вовеле маниока и кикирики во тропските предели на јужноисточна Азија и западна Африка, каде што тие бујно израснале на почва што инаку не би произвела такви големи приноси.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/eb/Intikawan_Amantani.jpg/640px-Intikawan_Amantani.jpg)