Колубарски Округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колубарски Округ — округ кој протега во средишниот дел на западна Србија. Вклучува еден град и пет општини:
- Град Ваљево градска населба Ваљево
- Општина Осечина, градска населба Осечина
- Општина Уб, градска населба Уб
- Општина Лајковац, градска населба Лајковац
- Општина Мионица, градска населба Мионица
- Општина Љиг, градска населба Љиг
Кратки факти Колубарски Округ Колубарски округ Kolubarski okrug, Држава ...
Колубарски Округ Колубарски округ Kolubarski okrug | |
---|---|
Окрузи во Србија | |
Местоположба на Колубарскиот Округ во Србија | |
Држава | Србија |
Регион | Шумадија и Западна Србија |
Административен центар | Ваљево |
Управа | |
• Commissioner | Горан Миливојевиќ (од 16 јули 2015) |
• Претходник | Владимир Петровиќ (14 ноември 2013 - мај 2015) |
Површина | |
• Вкупно | 2,474 км2 (955 ми2) |
Население (попис 2011) | |
• Вкупно | 174,513 |
• Густина | 70,5/км2 (183/ми2) |
ISO 3166 | RS-09 |
Општини | 5 и 1 град |
Населби | 218 |
- Градови | 7 |
- Села | 211 |
Мреж. место | kolubarski.okrug.gov.rs |
Затвори
Има вкупно население од 174.228 жители (попис 2011 година).
Седиштето на округот е градот Ваљево, кој се наоѓа на реката Колубара.
Некои од културно-историските знаменитости и споменици на културата на оваа област се:
- Бранковина
- Муселимовиот конак како типичен пример за турската архитектура, изграден во 18 век,
- Кулата на Ненадовиќи, изградена во 1813 година. подигната од војводата Јаков,
- Соборна црква, од 1838 година и е редок пример за монументална класицистичка зграда во Србија.
- Манастирот во Докмир, кој датира од 14 век,
- Манастирите Лелиќ и Ќелије во селото Лелиќ, родното место на владиката Николај Велимировиќ
Познати туристички места во областа се планината Дивџибаре и Бањата Врујци .