вид домашна птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Кокошка или домашна кокошка (науч. Gallus gallus domesticus) е подвид на птици која често се одгледува како живина. Се смета потекнува од југоисточна Азија, и дека еволуирала од дивите видови како банкивската кокошка (Gallus gallus). Оваа птица е најраспространета на земјата. Ова е одомаќинета птица, подвид на дивата банкивска кокошка од Виетнам, припитомена пред 10.000 години. До оваа откритие, конвенцијалната мудрост велеше дека кокошката е припитомена во Индија. Од Индија припитомената кокошка дојде до Персија. Од Персијанизираното кралство Лидија во западна Мала Азија, „домашната птица“ била пренесена во Грција, се претпоставува, околу 5 век пред нашата ера. „Птицата“ била позната во Египет од 18та династија како „птицата која несе секој ден“, според аналите на Тутмос III. Птицата не се спомнува во Стариот завет. Некои генетски истражувања покажуваат дека кокошката потекнува од црвената и сивата дива кокошка. Иако хибридите од два диви типа имаат тенденција кон стерилност, покажува дека генот за жолта кожа присутен кај домашната кокошка не е присутен кај најблиската роднина, Црвената Дива кокошка. Се мисли дека жолтата кожа кај домашната кокошка доаѓа од сивата дива кокошка. Кокошката е најраспространето домашно животно. Со популација повеќе од 24 милијарди до 2003 година, во светот има повеќе кокошки од било која птица. Луѓето ги одгледуваат кокошките најмногу како храна, консумирајќи го месото и јајцата.
Кокошка | |
---|---|
Петел (лево) и кокошка (десно) | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Род: | Диви кокошки |
Вид: | банкивска кокошка |
Подвид: | Домашна кокошка |
Триномен назив | |
Gallus gallus domesticus (Линеј, 1758) |
Денес постајат поголем број раси на кокошки и во принцип се делат на раси за месо и раси за јајца. Расите за месо вообичаено се тешки и даваат помалку јајца, додека расите за јајца се полесни и можат да дадат и до 270 јајца годишно. Најважни комерцијални раси се Лонгајланд, Орпингтон, Легхорн, Маран и други. Нај одгледувана кокошка кај нас во фармите е Бројлерот. Полна зрелост кокошката достигнува со околу три месеци, а инкубациониот период трае 21 ден.
Месото од кокошка, наречено „кокошка“, е тип на живинско месо. Заради нејзината релативно ниска цена, кокошкиното месо е едно од најконзумирано месо во целиот свет. Скоро секој дел од птицата може да се користи за исхрана и месото може да биде зготвено на различни начини. Популарните кокошкини чинии вклучуваат печена кокошка, кокошкин стек, кокошкина супа, кокошкини крилца, тандоори кокошка, путер кокошка и кокшка со ориз. Кокошката е исто така и основна суровина во рестораните како брза храна. Комерцијално произведена е користена како почетна точка за опишување друга храна; за многу се вели дека „имат вкус на кокошка“ ако не се разликуват од другите.
Пред 1960 година, во САД, основната цел во одгледувањето на кокошките биле јајцата, а месото се сметало за нус-призвод. Притоа, месото било помалку барано заради високите цени. Бидејќи јајцата можат да се транспортираат без фрижидер на ладно или оптимално време, со исклучоци на летните горештини, тоа било важно во времето кога немало комерцијална употреба на фрижидери. Фармите за кокошки најчесто биле мали поради начинот на исхрана на птиците, тие се хранеле претежно со фуражни култури, растителни остатоци од фармата, семе; претежно растителна храна. Ваквиот вид на храна се во ограничени залихи, поготово во зимата и заради тоа фармерите ја регулираат големината (бројноста) на јатото. Околу 1896 година во Америка стана допустливо одгледувањето на кокошки заради месото, се јавија поради истражувања подобрување во исхраната на живината и менаџмент на таквите фарми и овој бизнис стана попрофитабилен. Приоритет до 1910 година, кокошките биле конзумирани само на специјални денови или како неделен ручек. Кокошките се транспортирале живи или заклани, скубени и пакувани во мраз. Претходно, кокошките се биле очистувани од сосед кој е повешт во оваа кујнска вештина. Два вида на кокошки се нудени и тоа „пролетни кокошки“, млади петли, нуспродукт на индустријата за јајца, кои ги продавале уште млади и кревки со тежина околу 3 фунти жива мера; и „кокошките за чорба“, исто нуспродукт од индустриите за јајца, кои биле стари кокошки кои неможат да лежат јајца. Ова не се практикува повеќе; модерните месни кокошки се други раси. Труповита на расите за јајца повеќе не се наоѓаат во продавниците.
Најважниот правец во 20 век во производството на живина бил пронаоѓањето на витаминот-Д (именуван во 1922 година), што го направи возможно чувањето на кокошки во затворен простор. Пред тоа кокошките не се одгледуваа во текот на зимата (заради недостаток на сончева светлина) и производство на јајца, инкубација и производство на месо вон сезона биле многу тешки за, тоа го правело живинарството сезонско и скапо производство. Целогодишното производство ги намалува цените, поготово за скараџиите. Во исто време, производство на јајца беше покачено заради вкрстување. По неколку неуспешни обиди успех покажа професор Дриден од Орегонската Експериментална Станица.
Подобрувањата во производство и квалитет се пратени со побарување на низок труд. Во триесеттите низ раните педесетти, 1.500 кокошки се сметани да имаат цело работно време во семејните фарми. Во доцните педесетти, цените на јајцата паднале многу драматично во тоа време фармерите го отристрочиле бројот на кокошки, ставајќи три кокошки во кафес за една кокошка. Кратко потоа цените, паднале уште пониско и поради тоа голем број на јајчарски фарми пропаднале. Со тоа почнала транзицијата од семејни фарми во големи, вертикално интегрирани оператори.
Со тоа падна и профитот, дозволувајќи јајцата и кокошките да го изгубат статусот на луксузна храна. Во просек кокошките лежат едно јајце на ден за бројот на денови на легло, потоа не лежат еден или повеќе денови , потоа лежат друго легло. Обично, кокошка веројатно лежи едно легло, останува таму и ги инкубира јајцата. Селективно вкрстување низ вековите произведело кокошки кои лежат повеќе јајца отколку што можат да испилат. Дел од овој напредок е постар но поголем дел се случил во 1900та година. Во 1900 година, просечно производство на јајца било 83 јајца на година од кокошка. Во 2000 статистиките покажале над 300 јајца на година од кокошка.
Традиционално, производството на кокошки беше дистрибуирано низ целиот земјоделски сектор. Во 20 век постепено се премести поблиску до поголемите градови за да ги намали цените за транспортот. Ова имало сватлив контраефект, претворајќи го живинарското ѓубре кое може да се користи профитабилно на локалните фарми во несакан нуспродукт. Овој тренд може да има обратна насока со тоа што ќе има високи цени за исфрлање на ѓубрето и високи цени за ѓубривото, правејќи ги фармерските региони привлечни уште еднаш.
Кокошката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.