Коине
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коине (грчки: Ελληνιστική Κοινή[1] МФА: [kɔɪnɛ̝^], современ грчки МФА: [kʲiˈni e̞liniˈkʲi], "заеднички грчки" или ἡ κοινὴ διάλεκτος, [i kʲiˈni ðiˈale̞kto̞s], „заеднички дијалект“) е популарна форма на грчкиот јазик која се развила во посткласичниот период, односно помеѓу 300 п.н.е. и 300 година. Овој јазик исто така се нарекува александриски, хеленистички, патристички, заеднички или библиски грчки. Во антиката се користеле изразите коине, хеленски, александриски и македонски;[2][3] за да се нагласи разликата со античкиот дијалект. Коине претставувал прв заеднички надрегионален грчки дијалект а подоцна служел како лингва франка за источниот медитеран и Блискиот Исток за време на римското владеење. Важен е и како оригинален јазик на кој е напишан Новиот завет на христијанската Библија односно Septuaginta (грчки превод на Стариот завет).[4] Коине е главен предок на модерниот грчки јазик.
Коине | |
---|---|
Изговор | современ Предлошка:IPA-el |
Застапен во | Источното Римско Царство |
Ера | 300 п.н.е. – 300 г. |
Јазично семејство | индоевропски
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguist | grc-koi |