Коефициент на асиметрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мерките на асиметрија во статистиката се вбројуваат во показателите на обликот на распределбата. Во статистичката анализа се воведени мерки на обликот на распределбата за да се диференцираат распределбите од ист степен на хомогеност. Мерки на обликот на распределба се: коефициент на асиметрија и коефициент на сплеснатост (збирно „наклон, накосеност“).
Распределбата е асиметрична доколку опсервациите не се симетрично распределени на двете страни.
Мерките на асиметрија се бројчена одлика на начинот на распределбата на податоците. Со помош на мерките на асиметрија се мери начинот на распределба на единиците на статистичката маса спрема некои вредности, односно спрема оската на симетрија. Мерките на обликот на распределбата се пресметуваат со помошни и централни моменти на распределба.[1]