Класична музика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класична музика е уметничка музика која води потекло од традицијата на лигурската и световната музика, а која опфаќа широк период од прилика девет века до ден денес. Главни норми во оваа традиција воспоставуваат од 1550 до 1900 година.
Класичната музика или таканаречена озбилна музика се користии во секојдневниот говор за разликување на уметноста од музиката кои ги означуваме како народни, забавни и популарни , кај кои основната целе забавата и стекнување заработка, а не уметничко издржување. Меѓутоа , во популарните жанрови постојат композиции кои постигнале врвна слава со исклучителна уметничка вредност, но не се компонирани по музичкиот канон, но поради тоа не се вбројуваат во класичната музика. Иако класичната музика се издвојува по својата уметничка вредност,не е сосема коректно да се ограничува поимот уметничка музика само на класична.
Класичната музика ја компонирале голми мајстори на европските музички простори.Со овој израз првенствено се означува музика компонирана од епохата на барокот (почеток на XVII век), па сè до компзиторите од нашето време. Освем овие, постојат и други специфични клазични жанрови, како на пример жанрот на Индија, која има изградени правци и системи, дури и сопствени композитори. Конкретно обележје на калсичната музика од поново време (XX и XXI век) имаат композиторите надвор од европа, претежно под влијание на фолклорот од своите земји.