![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a0/Kiritimati-EO.jpg/640px-Kiritimati-EO.jpg&w=640&q=50)
Киритимати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Киритимати или Божиќен Остров[1] е атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови. Атолот има вкупна површина од 322 км2 и тоа го прави најголем корален атол во светот.[2] Атолот има лагуна која е слична по површина со самиот атол. Периметарот на атолот е 150 км, додека брегот на лагуната се протега на 48 км.[3] Киритимати зазема 70% од вкупната површина на Кирибати.
Кратки факти Киритимати Kiritimati, Држава ...
Киритимати Kiritimati | |
---|---|
атол | |
![]() Сателитска снимка на островот. | |
Координати: 01°52′N 157°24′W | |
Држава | Кирибати |
Островска група | Линиски Острови |
Затвори
Киритимати е една од првите територии на земјата која преминува во Новата Година. Во 1950-те Британците на островот извршувале јадрени тестирања, а жителите не биле евакуирани. Поради тоа населението било подложено на зрачење.