Кинеско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинеско писмо — писмо сочинето од знаци (трад. 漢字; упр. 汉字; пинјин: hànzì; мак. транскр.: ханце) кои претставуваат логограми за запишување на кинескиот, јапонскиот, делумно корејскиот, и (порано) виетнамскиот. Неговите можни претходници се појавиле пред 8.000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина. Ова е веројатно најстарото писмо во историјата на човештвото.
Кинеско писмо | |
---|---|
Тип | логографско
|
Период | бронзено време до денес |
Правец на пишување | од лево кон десно, од горе надолу |
Јазици | кинески, јапонски; традиционално: корејски, виетмански |
Сродни писма | |
Матични системи | коскено писмо
|
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Hani, 500 , Han (Hanzi, Kanji, Hanja) |
Уникод | |
Уникоден назив | Han |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Наспроти генералното мислење, само 4% од кинеските знаци се пиктограми (象形字); останатите 95% се логички агрегати (會意字) и пиктофонетици (形聲字), знаци составени од два дела — еден ел го означува значењето, а другиот звучноста. Зборовите често се состојат од два или повеќе знака. Бројот на кинеските знаци во рамките на Кангсиевиот речник изнесува близу 47.035, иако голем дел од овие се ретко употребувани варијанти насобрани низ историјата. Во Кина, за писмен се смета оној кој познава 2000 знаци. Архивирано на 12 март 2007 г.
Во кинеската традиција, еден знак соодветствува на еден слог, но изговорот варира по дијалект. Лабавата врска помеѓу фонетиката и знаците има овозможено користење на писмото кај разни јазични семејства.
Фактичкиот облик на знаците варира од јазик до јазик. Континентална Кина има воведено упростени знаци во 1956, но традиционалните знаци сѐ уште се користат во Тајван и Хонгконг. Јапонија има свои упростени знаци уште од 1946, додека Кореја ја има ограничено употребата на кинески знаци, а Виетнам го има отфрлено писмото и има воведено романизирана азбука.
Кинеските знаци поформално се нарекуваат и синографи, а системот синографија. Јазиците кои имаат преземено синографија - и со правописот голем број на преземени зборови од кинескиот - се нарекуваат синоксеници без разлика дали моментално ја користат таа отрографија. Изразот не подразбира каква било генетска поврзаност со кинескиот. За главни синоксеници се сметаат јапонскиот, корејскиот и виетнамскиот.