Кинески алигатор
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинески алигатор (на кинески: 揚子鱷, Alligator sinensis) е еден од двата познати видови на алигатори, род од фамилијата Alligatoridae. Кинескиот алигатор живее само на територијата на Кина. Овој вид е помал од другиот преживеан вид на алигатор – американскиот алигатор, и расте во просек по 1,5 метри.
Кинески алигатор | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Alligatoridae |
Род: | Alligator |
Вид: | A. sinensis |
Научен назив | |
Alligator sinensis Fauvel, 1879 | |
По изгледот е доста сличен на американскиот алигатор, освен некои мали разлики. Најочигледната разлика е големината, односно кинескиот алигатор е доста помал од неговиот роднина. За разлика од американскиот алигатор, кинескиот има заштитен оклоп низ целото тело, па дури и на стомакот, што е одлика на многу малку крокодиловидни животни.
Како и останатите видови на крокодиловидните животни, женката гради гнездо од мешавина на растителни материјали и кал и во него положува до 70 јајца. Гниењето на растителниот материјал ослободува топлина која е најважниот елемент за време на инкубацијата на јајцата кој трае околу 10 недели. За време не целиот период, мајката го чува гнездото и многу ретко на кратко се оддалечува од него. Кога младите алигатори ќе излезат од јајцата, таа ги пренесува до водата и се грижи за нив неколку месеци.
Полот на младите крокодили зависи од температурата во гнездото за време на инкубацијата. При температура пониска од 30 °C се формираат женски, а ако температурата е над 34 се развиваат машки алигатори.
Иако во минатото бил распространет низ поголемиот дел на Кина, овој вид денес живее само во неколку бари во кои има мал број на единки. Се проценува дека има помалку од 200 единки од кои 50 се зрели. Овие живеалишта се во долниот дел на реката Јангце во провинциите Џангсу, Џеџанг и Анхуеј. Намалувањето на бројноста на популациите се должи најмногу на уништувањето на нивното природно живеалиште кое е претворано во земјоделски површини. Труењето на стаорци со кои потоа се хранат алигаторите е исто така едно од наведените причини. Во последната декада, порнојадени се многу мал број на гнезда, а уште помалку од овие гнезда дале живи младенчиња.
Кинескиот алигатор е на списокот на Апендикс 1 според Вашингтонскиот договор за заштита на видовите (CITES), со што се ставени огромни ограничувања за трговијата со ова животно. На Црвениот список на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата и природните ресурси (IUCN)е означен како критично загрозен вид. Се прават напори за пуштање на алигатори кои се одгледани во заробеништво назад во природните живеалиште, меѓута оваа програма за сега не бележи голем успех.
Вкупната популација која живее во заробеништво се проценува на над 10 000 животни. Најголем дел се во истражувачкиот центар за размножување на кинескиот алигатор во Анхуеј, како и во голем број на зоолошки градини. Во неколку ресторани во Кина, слободно шетаат мали алигатори на кои им се врзани устите[1]. Подоцна овие алигатори се убиени за да бидат конзумирани од луѓето бидејќи во Кина, алигаторското месо се смета дека лекува настинки и спречува рак[1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.