Кинарос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинарос (грчки: Κίναρος; латински: Cinarus; италијански: Zinari) — мал грчки остров во Егејското Море, именуван по артишокот (кинара) што го произведувал.[1][2] Се наоѓа западно од Калимнос и Лерос и источно од Аморгос, 5,5 наутички милји западно-југозападно од Левита.[3] Тој е вториот најзападен остров на Додеканезите, по Астипалеја, и има површина од 4,5 км2. Највисоката точка на островот е 296 метри.[4]