![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fb/%25D0%259B%25D0%25B0%25D0%25B2%25D1%2580%25D0%25B0.jpg/640px-%25D0%259B%25D0%25B0%25D0%25B2%25D1%2580%25D0%25B0.jpg&w=640&q=50)
Киевско-печерска лавра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Киевско-печерска лавра (украински: Києво-Печерська лавра) — историски православен христијански манастирски комплекс кој се наоѓа во Киев, Украина.
Киевско-печерска лавра Києво-Печерська лавра | |
Пештерите на Киевско-печерската Лавра | |
Национално историско-културно Светилиште / манастир | |
Поглед кон комплексот | |
Потекло на името: Пештерски манастир | |
Земја | Украина |
---|---|
Главен град | Киев |
Округ | Печерски регион |
Општина | Киев |
Знаменитости | Голема камбанарија, Манастирска порта, Црква Берестово спасение |
Реки | Днепар |
Координати | 50°26′3″N 30°33′33″E |
Површина | 235.400 м² |
Автори | Теодосиј Киевски, Антониј Киевски |
Стил | украински барок |
Основано | Пештерски манастир |
- основано 1 | Државно светилиште |
- основано 2 | Преобратено во манастир |
Датум | 1051 |
- датум 1 | септември 29 1926 (1926-09-29)[1] |
- датум 2 | 1988 |
Раководство | Украинска православна црква - Московска патријаршија |
Управа | Министерство за култура на Украина |
Водач | Владимир |
- Водач 1 | Марина Хромова |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Име | Kiev: катедрала Света Софија |
Година | 1990 (#14) |
Број | 527 |
Регион | Европа и Северна Америка |
Критериуми | i, ii, iii, iv |
Слободно | Седум чуда на Украина[2] |
Портал: lavra.ua | |
Овој коплекс претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени, кое било основано во 1015 година во времето на Киевска Рус[3]. Комплексот бил основан во времето на староукраинскиот кнез Јарослав Мудриот. Објектот се наоѓа на два рида кои гледаат кон реката Днепар.
Денеска манастирот се наоѓа под контрола на Украинската православна црква - Московска патријаршија и Државниот музеј на Украина[4]. Светилиштето е вклучено во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО и претставува едно од седумте светски чуда на Украина од 21 август 2007 година врз основа на гласањеѕо од страна на експерти и интернет заедницата. Денеска во земјата и во православниот свет се смета за посебно национално и историско културно место, чиј национален статус го добил на 13 март 1966 година[5].
Комплексот претставува седиште на митрополитот на украинската црква. Кон крајот на 2010 година, мониторската комисија на УНЕСКО била во посета на манастирскиот комплекс за да се провери нејзината состојбата. Според министерот за култура на Украина, состојбата на комплексот заедно со катедралата Света Софија не е загрозена од т.н. црна список на меѓународната организација УНЕСКО[6].