американска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Кетрин Лав Њутн (родена на 8 февруари 1997)[1] ― американска глумица. Таа е позната по главните улоги: Луиза Брукс во хумористичната серија Разведениот Гери (англ. Gary Unmarried; 2008-2010), Абигејл Карлсон во драмската серија Големи мали лаги (англ. Big Little Lies; (2017-2019)) и Али Пресман во тинејџерската драмска серија на Нетфликс. Општество (англ. The Society; 2019). Таа, исто така, е позната по улогата на постарите верзии на Клер Новак во научнофантастичната серија „Натприродно“ (2014–2018) и Џоани Кларк во драмската серија „Застани и гори“ (англ. Halt and Catch Fire; 2016–2017).[2]
Кетрин Њутн | |
---|---|
Кетрин Њутн во февруари 2023 | |
Роден(а) | Кетрин Лав Њутн 8 февруари 1997 Орландо, Флорида, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 2001–денес |
Њутн е родена во Орландо како единствено дете на Робин и Дејвид Њутн.[3] На осумгодишна возраст, почнала да игра на голф-турнири.[4]
Њутн матурирала во средното училиште Нотр Дам во 2015 година.[5][6] Таа беше член на женскиот голф-тим во средното училиште и му помогнала тимот да освои три првенства во лигата.[7][8] Таа сакала да игра на Отвореното првенство на САД во 2012 година, но морала да се повлече од квалификациите откако ѝ била доделена главната улога во филмот Паранормална активност 4.[9]
Таа ги одложила студиите на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) за да ја продолжи нејзината актерска кариера.[4]
Кариерата ја започнала на четиригодишна возраст во сапунската опера „Сите мои деца“ (<i>All My Children</i>),[10] во која глумела од 2001 до 2004 година. Во 2008 година, Њутн била избрана за улогата на Луиз Брукс во телевизиската серија на CBS, Разведениот Гери (Gary Unmarried). На нејзини дванаесет години, нејзиното семејство се преселило во Лос Анџелес,[11] каде што учела во средното училиште Нотр Дам.[12]
Во 2010 година, Њутн освоила две Награди за млад уметник за „Најдобра изведба во ТВ-хумористична серија“ и „Најдобра изведба во ТВ-серија (комедија или драма)“ за Разведениот Гери. Њутн ја играла улогата на Чејс Рубин-Роси во филмот Лош учител (Bad Teacher) од 2011 година.[13] Таа била во главната улога во филмот од 2012 година „Паранормална активност 4“[14] и за нејзината изведба во филмот освоила награда на 34. Награди за млад уметник. Од 10-тата сезона, таа го глумела ликот на Клер Новак во Натприродно.
Во 2017 година, Њутн се појавила во серијата на HBO Големи мали лаги (Big Little Lies) заснована на истоимениот роман од Лијан Мориарти.[15] Таа исто така имала големи улоги во филмовите: Три билборди пред Ебинг, Мисури и Бен се врати (Ben Is Back).
Њутн ја играла Луси во Детектив Пикачу, акционен филм од 2019 година, заснован на истоимената видео игра.[16] Таа, исто така, ја играла главната улога на Али во драмската серија на Нетфликс, Општесттво (The Society), премиерно прикажана на 10 мај 2019 година. Во 2020 година, таа глумела во пофалената хорор-комедија Откачена (Freaky) во режија на Кристофер Лендон, во улога на тинејџерка која ги менува телата со сериски убиец.[17] Во 2021 година, таа се појавила во Мапа на ситни совршени нешта, во режија на Ијан Семјуелс.[18] Таа ја играла улогата на Кеси Ланг [19] во филмот од Марвеловиот кинематографски универзум Антмен и Оса: Квантуманија (Ant-Man and the Wasp: Quantumania) како замена за Ема Фурман.[20][21]
Во 2024 година, Њутн ја глумела Бритни Винер во Винер, црна комедија за Ријалити Винер, премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ на 20 јануари 2024.[22] Таа ја играла улогата на Лиза во хорор-комедијата Лиза Франкенштајн, прераскажување на Франкенштајн во стил на 1980-тите, во режија од Зелда Вилијамс.[23][24] Таа ја играла Семи во Абигејл, хорор-филм со вампири, премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Оверлок“ на 7-ми април 2024.[25][26]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.