From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер-223 (KOI-730, KIC #10227020) — ѕвезда од спектрален тип G5V со вонсончев планетарен систем забележан од вселенското летало Кеплер. Изучувањата покажале дека системот Кеплер-223 се состои од 4 планети во орбита околу ѕвездата.[3][4]
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 53м 16,4203с[1] |
Деклинација | +47° 16′ 46,3081″[1] |
Особености | |
Привидна ѕвездена величина (g) | 15,903[2] |
Привидна величина (r) | 15,301[2] |
Привидна величина (i) | 15,105[2] |
Привидна величина (z) | 14,963[2] |
Привидна величина (D51) | 15,667[2] |
Привидна величина (J) | 14,095[2] |
Привидна величина (H) | 13,727[2] |
Привидна величина (K) | 13,632[2] |
J−K Боен показател | 0,463[2] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −4,270 ± 0,055[1] млс/г Дек.: −11,068 ± 0,051[1] млс/г |
Паралакса (π) | 0.5101 ± 0.0313[1] млс |
Оддалеченост | 6.400 ± 400 сг (2.000 ± 100 пс) |
Податоци | |
Полупречник | 1,095[2] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,386[2] |
Температура | 5.599[2] K |
Металичност | -0,211[2] |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Потврдениот планетарен систем бил првично забележан од мисијата Кеплер, и содржи 4 планети.[5] За овој систем првично се веруваше дека содржат две соорбитални планети во орбита околу ѕвездата на приближно истото орбитално растојание на секои 9,8 денови, на начин што планетите се засекогаш на положба 60° зад другата во една од двете тројански Лагранжови точки.[6] За двете соорбитални планети се верува дека се поврзани во орбитална резонанција со останатите две планети, со што се добива севкупна резонанција 6:4:4:3.[7] Ова ќе биде првиот пример на соорбитални планети.
Сепак дополнителните изучувања на системот покажале постои и друга поставеност, при што четирите планети имаат орбитални периоди во однос 8:6:4:3, и овој вид на однос е поверојатен. Оваа поставеност не содржи соорбитални планети,[8] што е потврдено и од понатамошните испитувања.[4] Податоците ја потврдуваат првата орбиталната резонанција за четирите тела.[5]
Полупречниците се 3,0, 3,4, 5,2, и 4,6 Земјини полупречници, и соодветни орбитални периоди од 7,3845, 9,8456, 14,7887 и 19,7257 денови.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.