Кемпер
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кемпер (француски: Quimper, бретонски: Kemper) – град и општина во областа Бретања, сместена на северозапад на Франција. Градот е префектура на департманот Финистер, седиште на советот на департманот, како и на двата кантони кои влегуваат во негов состав. Неговите граѓани се нарекуваат кемперци и кемперки.
Кемпер Quimper Kemper | ||
---|---|---|
Реката Оде во центарот на градот | ||
Местоположба во регионот Бретања [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist|270px|Кемпер во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist]]
Кемпер | ||
Координати: 47°59′48″N 4°05′47″W | ||
Земја | Франција | |
Регион | Бретања | |
Департман | Финистер | |
Округ | Кемпер | |
Општ. заедница | Кемпер | |
Управа | ||
• Градоначалник (2014–2020) | Лудовик Жоливе | |
Површина1 | 84,45 км2 (32,61 ми2) | |
Население (2008)2 | 63.929 | |
• Густина | 760/км2 (2,000/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 29232 / 29000 | |
Надм. висина | -5 м (прос. 6 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Со 63.532 жители во 2013 година, тој е 77 општина во Франција, трета во Бретања (по Рен и Брест) и втора во Финистер.
Името Кемпер доаѓа од бретонскиот збор kemper што значи устие бидејќи е изграден на вливот на реките Стеир, Фру и Же во Оде.
Кемпер се наоѓа на 15 км од брегот на Атлантскиот Океан. Океанот навлегува длабоко по долината која ја формира реката Оде и му дава на градот положба на повлечено пристаниште, што на некој начин ја објаснува неговата економска улога.
Градот е исто така многу стар крстопат на националниот пат 165 и обласните патишта. Кемпер се наоѓа на 565 км од Париз, 550 км од Бордо, 740 км од Бајон, 790 км од Тулуза, 1.030 км од Монпелје, 1.210 км од Марсеј, 1.370 км од Ница, 215 км од Рен, 232 км од Нант, 71 км од Лорјан, 122 км од Ван и 72 км од Брест.
Кемпер е стариот главен град на Корнуај, најтрадиционалната бретонска област, и има особени бретонски одлики. Низ градот има многу продавници и знамиња кои го слават келтското наследство во областа.
Кемпер бил населен уште од римско доба. Во 495 година тој станува бискупско седиште. Подоцна тој станува седиште на грофовите од Корнуај. Во единаесеттиот век Корнуај се обединува со Бретонското Војводство. За време на граѓанските војни во 14 век градот претрпел значителни разрушувања. Во 1364 година, војводството преминало на Монфорците.
Градот има рустикален амбиент, со бројни пешачки мостови преку реките кои течат низ него. Црквата Локмарија која датира од 11 век е градена во романски стил. Катедралата Сен Корантен, со својата фасада во готски стил, била изградена меѓу 13 и 16 век. Нејзините две кули се високи 76 метри (врвовите се додадени во 19 век). Нејзините прозорци со витражи се исклучителни. Катедралата му е посветена на првиот кемперски бискуп, Корантен.
Западно од катедралата се наоѓа пешачката зона на стариот дел на Кемпер, со бројни палачинкарници, полудрвени куќи и продавници. Во близина на епископската палата, која сега е музеј (посветен на регионалната историја, археологија, етнологија и економија) се урнатините од ѕидините од градот од 15 век. Во близината е Музејот за ликовни уметности. Музејот има фасада од 19 век, а внатрешноста е целосно изградена наново. Во него е сместена збирка слики од 14 до 21 век, која вклучува дела од Буше, Коро, Удри и Рубенс, како и платна од сликари од школата Пон Аван, како Бернар, Денис, Жорж Лакомб, Максим Мофра и Пол Серизје.
Најпознат производ на градот е грнчаријата од фајанс. Таа се произведува од 1690 година, а на производите имало мотиви од областа дизајнирани од Жан-Батист Буске. Градот исто така е познат по своите производи од бакар и бронза, како и прехранбени, кожни, хартиени и волнени производи.
Во 2013 година градот броел 63.532 жители [1]
Во 2006 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 4,61% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава [2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.