Кевин Нолан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кевин Ентони Нолан (роден на 24 јуни 1982) — англиски професионален фудбалер кој настапува за и е моментален капитен на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата. Како офанзивен играч од средниот ред, тој ја има настапувано за Англија во репрезентацијата под 21 година.
Кевин Нолан | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јуни 1982(1982-06-24) (41 г.) | ||
Роден во | Ливерпул, Англија | ||
Висина | &100000000000001830000001,83 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб | Вест Хем Јунајтед | ||
Младинска кариера | |||
Болтон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1999–2009 | Болтон | 296 | (40) |
2009-2011 | Њукасл Јунајтед | 85 | (29) |
2011–2015 | Вест Хем Јунајтед | 141 | (30) |
2016– | Лејтон Ориент | 14 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2004 | Англија 21 | 2 | (0) |
Раководител на екипите | |||
2016- | Лејтон Ориент (менаџер-играч) | ||
† Учества (Голови). |
Откако пораснал во Токстет, Ливерпул, Нолан потпишал за Болтон на возраст од 16 години. Тој бил дел од тимот што го победил Престон Норт Енд во финалето на плеј-офот на Чемпионшип лигата 2001 година за да се здобие со промоција во Премиер лигата за наредната сезона. Тој наскоро потоа станал редовен стартер во првиот тим на клубот. Нолан постигнал за победи на Болтон над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во двата натпревари од неговите први две сезони во елитната дивизија на англискиот фудбал, како и ред други важни голови со кој му помогнал на Болтон редовно да завршува во горната половина на табелата во Премиер лигата. Нолан исто така бил редовен учесник во почетната постава на клубот кога Болтон се квалификувале за настап во Купот на УЕФА за првпат во историјата на клубот каде што стигнале до нокаут фаза. По заминувањето на Џеј-Џеј Окоча во 2006 година, Нолан бил назначен за капитен на тимот, и тој ги предводел Вондерерс до уште една кампања во Купот на УЕФА и уште еден прогрес до нокаут рундата во оваа конкуренција.
По доаѓањето на Гери Мегсон како менаџер на Болтон, настапите на тимот и настапите на Нолан наишле на голем број критики од страна на дел од навивачите на клубот. Ова резултирало со заминување на Нолан од и тој за сума од 4.000.000 £ направил трансфер во редовите на Њукасл Јунајтед во јануари 2009 година. Тој бил дел од тимот кој завршил неславно-со испаѓање во Чемпионшип лигата на крајот на сезоната, иако Нолан направил десет настапи тимот завршил на 18 позиција. Настапите на Нолан во следната сезона пак биле широко пофалени, кога тој постигнал 18 голови, вклучувајќи го и неговиот прв хет-трик во неговата кариера, за да му помогне на клубот да избори промоција назад во Премиер лигата како шампиони во дивизијата. По промоцијата, Нолан бил промовиран во капитен на клубот.
Во летото на 2011 година Нолан му се приклучил на Вест Хем Јунајтед на пет-годишен договор, приклучувајќи му се повторно на стариот менаџер, Сем Алардајс. Тој бил назначен за капитен веднаш по неговото пристигнување и го предводел клубот до инстант враќање во Премиер лигата.