Квалификации за европското првенство во фудбал 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квалифицикациите за европското првенство во фудбал се одржале во 2010 и 2011 година. Ова се натпревари каде се одлучило кои фудбалски репрезентации ќе учествуваат на европското првенство во фудбал 2012 година во Полска и Украина. Влечењето на групите се одржало на 7 февруари 2010 година во Варшава и групните натпревари траеле од август 2010 до ноември 2011.[1]
Биле извлечени вкупно девет групи. Шест од нив биле со шест тима (секој од шеширите од 1 до 6 подолу); останатите три групи биле составени од пет тима (секој од шеширите од 1 до 5 подолу). На крајот од квалификациите, првопласираниот од секоја група се квалификувал директно. Второпласираниот тим со најмногу бодови од натпреварите против првиот, вториот, третиот, четвртиот и петтиот од групата исто така се квалификувал директно. Остантите второпласирани тимови играле плеј-оф во два натпревари, така што победникот од секој плеј-оф двобој обезбедил место на Европското Првенство во Украина и Полска во 2012.