From Wikipedia, the free encyclopedia
Катунци — село во Општина Свети Врач, Благоевградска (Горноџумајска) област, во регионот Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.
Општина |
|
---|---|
1.360 |
|
E (BG) | |
Градоначалник | Атанас Стојанов |
Надморска височина | 550 м |
Портал | Нема |
Координати: | С, И |
Селото Катунци се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина во југозападното подножје на Пирин Планина, на надморска височина од 550 метри. Покрај селото тече реката Пиринска Бистрица. Околу селото има исцелителни минерални извори. Оддалечено е 15 километри јужно од Мелник и 28 километри југоистично од Свети Врач.
Во околината на селото се откриени археолошки остатоци од различни епохи и цивилизации. Во 1916 година, при изградбата на мост на реката Пиринска Бистрица, во селото се откриени темели на ранохристијанска црква, од V - VI век, чиј под бил покриен со мозаик со геометриски мотиви.[1] Првите писмени податоци за селото се од 1220 година, кога се споменува под името Катуница. Во таа година, владетелот на Мелник - деспот Алексиј Слав, издава указ, со кој ги задолжува жителите на селото да работат и да плаќаат данок за манастирот „Света Богородица Спилеотиса“ изграден од него.
Селото се споменува и во 1365 година во опис на манастирот „Света Богородица Спилеотиса“, издаден од деспотот Јован Углеша во врска со постоењето на манастирот.[2] Во XIX век, Катунци е мало село во рамките на Демирхисарската каза. Во негова близина, во минатото постоело селото Опалник, денес маало на селото.
Во 1891 година, Георги Стрезов пишува за селото:
„ | Катунци, чифлик на десниот брег од Бистрица. Пет часа на север од Демир Хисар. Пазарен ден е секој вторник, каде доаѓаат селани од Пирин и Мелничко. Почвата е плодна. Чисто ромско село со 3 турски и 22 ромски куќи.[3] | “ |
Во книгата „Патување по долините на Струма, Места и Брегалница“, Васил К’нчов опишува, дека селото број 50 ромски куќи и во него се одржува голем пазар на коњи. Опалник пак е со 15 бугарски[4] куќи.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, Катунци е село во Демирхисарската каза со 180 жители, од кои 120 Роми и 60 Турци, а Опалник е село во Мелничката каза со 95 жители, сите Македонци.[4][6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Опалник имало 80 Македонци, егзархисти.[4][7]
Во 1913 година Катунци е запалено и престанува да постои до 1922 година, кога е одново населено од Македонци од Егејска Македонија.[8] Подоцна Катунци станува пазар за земјоделски производи, а во центарот постојат повеќе дуќани, од кои некои сопственици не живеат во селото.
Според пописот од 2011 година, во Кактунци живееле 1.360 жители.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[10]
националност | број | % |
Бугари | 1.273 | 88,5 |
Роми | 4 | 0,29 |
Турци | / | 0 |
други | / | 0 |
не се самоопределиле | / | 0 |
не одговориле | 73 | 5,36 |
Вкупно | 1.360 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Катунци за периодот 1934-2011:[11]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 163 | 561 | 1.453 | 2.185 | 2.290 | 2.234 | 2.045 | 1.706 | 1.360 |
Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Катунци имало 1.289 жители.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.