From Wikipedia, the free encyclopedia
Катла (исландски изговор: [ˈkʰahtla] ( слушнете)) — голем вулкан во јужен Исланд. Тој е многу активен. Дваесет ерупции биле документирани помеѓу 930 и 1918 година, во интервали од 13-95 години. Тој не избувнал силно 99 години, иако можеби имало мали ерупции коишто не ја скршиле покривката од мраз, вклучувајќи ги и оние во 1955 година, во 1999[2] и 2011 .
Катла | |
---|---|
Ерупција на Катла во 1918 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1512 м [1] |
Заведена како | Список на вулкани во Исланд |
Координати | 63°38′N 19°03′W |
Географија | |
Геологија | |
Вид | подледнички вулкан |
Последен избув | октомври-ноември 1918 |
Претходните ерупции имале вулкански експлозивен индекс (VEI) помеѓу 4 и 6 на скала од 0 до 8. Во споредба, ерупцијата на Ејафјадлајекидл во 2010 имала VEI-4. Поголемите VEI-6 ерупции можат да се споредат со ерупцијата на Пинатубо во 1991 година.
Катла е еден од најголемите вулкани на Исланд. Тоа се наоѓа на север од Вик и Мирдал и источно од помалиот ледник Ејафјадлајекидл. Врвот достигнува 1.512 метри и делумно е покриен со ледникот Мирдалсјекидл. Системот има површина од 595 км2. Кањонот Елдгја е дел од истиот вулкански систем[3][4].
Купата на вулканот Катла има пречник од 10 километри и вулканот е покриен со 200-700 метри мраз. Вулканот нормално еруптира на секои 40-80 години. Поплавата што надошла при ерупцијата во 1755 се проценува на 200,000–400,000 м3/s (7.1–14.1 милиони cu ft/сек) и може да се спореди со комбинирано просечно излевање на реките Амазон, Мисисипи, Нил, и Јангцекјанг (околу 266.000 м3/s (9.4 милиони cu ft/sec)).
Името Катла потекнува од исландскиот збор ketill ("чајник") и се однесува на формата на вулканот. Катла исто така се користи и како женско име[5].
Се смета дека Катла е извор на Веде пепелта[6]. На повеќе од 6 до 7 километри кубни тефра датирано било потекло пред 10,600 години и истата е најдена на голем број локации[1][7][8], вклучително и Веде пепелта во Норвешка, Данска, Шкотска и Северноатлантските јадра.
Шеснаесет ерупции биле запишани за Катла од 930. Последната голема ерупција започнала на 12 октомври 1918 година и траела 24 дена.[9] Тоа веројатно била ерупција со индекс VEI-5. Ерупцијата од 1918 ерупција довела до проширување на јужниот брег од 5 км. поради лахарни талози од поплава. Сегашната хибернација е меѓу најдолгите во познатата историја[10].
Помали (VEI-1?) ерупции се случиле во:
Поголеми ерупции се случиле во:
Повеќето од овие ерупции резултирале со леднички поплави. Тешка пукнатинска ерупција во 934 била една од најголемите лавини ерупции во минатите 10,000 години.[11] Пред да се изгради исландската обиколница во 1974, луѓето се плашеле да поминуваат во близина на вулканот поради честите јекулхлаупи (односно, леднички поплави). Особено опасна била ледничката поплава по ерупцијата во 1918.
Катла покажувала знаци на активност уште од 1999 а геолозите сметале дека може да еруптира во блиска иднина.[12] Набљудувањето на вулканот посебно се засилил по ерупцијата во март 2010 на помалиот соседен вулкан, ледникот Ејафјадлајекидл.[13] Ерупцијата на овој вулкан во близина кој одамна бил во хибернација (во март и април 2010) загрижила дел од геофизичарите дека може да разбуди ерупција на поголемиот и поопасен вулкан Катла.[14][15][16] Во минатите 1,000 години, сите три познати ерупции на Ејафјадлајекидл поттикнале супсеквентни ерупции на Катла[15].
По ерупциите во 2010 на Ејафјадлајекидл, на 20 април 2010, исландскиот претседател Олафур Гримсон изјавил:
"се ближи времето Катла да избувне ... ние [Исланд] се подготвивме ...време е европските влади и авионските власти низ цела Европа и светот да почнат да планираат евентуална ерупција на Катла".[17]
Зголемена сеизмичка активност се забележала на Катла по ерупцијата на Ејафјадлајекид но немало други знаци за некаква блиска ерупција. Овие земјотреси биле сместени главно на северозападниот раб на купата. На 9 октомври 2010, нагло тресење било забележано во станицата околу Катла како знак за можна ерупција.[18] Во 2010 вулканолозите продолжиле да ја набљудуваат Катла свесни дека секоја нејзина ерупција историски се случувала неколку месеципо по ерупција на Ејафјадлајекидл. Исландската метеоролошка канцеларија на своето мрежно место ги става извештаите за потресите во Ејафјадлајекидл и Катла.[19]
Во 2011, геолошката активност довела до шпекулација дека се случила некаква многу мала подледничка ерупција. Во јуни 2011, хармонични потреси уште еднаш биле детектирани во вулканот Катла. По неколку дена рој од земјотреси бил забележан во купата, покажувајќи насобирање магма внатре во вулканост со што се зголемиле страхувањата од можна ерупција во некоја блиска иднина[20].
На 8 и 9 јули 2011 друг бран потреси се случил, кој наликувал на мала ерупција на Катла.[21] Исландските медиуми известиле дека можеби почнува мала подледничка ерупција.[22] Утрото на 9 јули 2011 имало извештај за ледничката поплава во реката Мулаквисл, и подоцна во реката Скалм. Мостот преку Мулаквисл бил уништен како и други делови од патот (Пат 1) на исландската обиколница. Хеликоптерските пилоти кои го прелетувале ледникот пријавиле пукнатини.[23] Научниците кои ја набљудувале активноста шпекулирале за „многу мала“ подледничка ерупција но истото не било потврдено со визуелен и сеизмички доказ.[24]
Потреси биле детектирани под Катла во август 2016.[25][26] При описот на активноста, во извештај од 29 август 2016, било наведено дека имало "сеизмички потрес во Мирдалсјекидл на 29 август со два настана во северниот дел на купата на Катла измерени со магнитуда 4.5. Тие биле најголемите земјотреси во Катла по 1977. Повеќето земјотреси се случиле помеѓу 0:40 и 1:50 попладне. Поголемите земјотреси биле околу 30 секунди разделени во 1:47. По нив следеле 50 помали удари до 15:12 попладне, кога бил забележан земјотрес со магнитуда од 3.3 а потоа циклусот на сеизмичка активност во регионот повторно се намалил. Геотермичката состојба била намалена во текот на седмицата и станала занемарлива.[27]
Во друг извештај на 11 септември било наведено дека дента пред 14:00, мал рој земјотреси започнал во Мирдалсјекидл. Најголемиот земјотрес во ројот бил со магнитуда 3.3 и 3.0 во 16:12 и15:57. Повеќе од 10 помали земјотреси биле детектирани во ројот.[28] Во февруари 2017, сеизмичката активност на вулканот продолжила.[29]
Галерија
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.