Катерина (принцеза од Велс)
принцеза од Велс, сопруга на британскиот престолонаследник Вилијам / From Wikipedia, the free encyclopedia
Катерина, Принцеза од Велс (родена како Кетрин Елизабет Мидлтон[1] на 9 јануари 1982 година, позната како Кејт) — сопруга на британскиот престолонаследник Вилијам, Принц од Велс. Детството го поминала во Чејпл Ров во Баклбери, село во близина на Беркшир, Англија. Таа студирала во Шкотска на универзитетот Св. Ендрјус каде го запознала принцот Вилијам во 2001 година. Тие започнале романтична врска и таа продолжила до 2007 година кога раскинале неколку месеци. Сепак, тие продолжиле да бидат пријатели и ја разгореле нивната врска подоцна истата година.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Катерина | |||||
---|---|---|---|---|---|
принцеза од Велс | |||||
Catherine at the Garter Procession in 2008 | |||||
Сопружник | Вилијам, Принц од Велс | ||||
Деца | Џорџ Велшки Шарлота Велшка Луис Велшки | ||||
| |||||
Династија | Виндзор |
Пред венчавката, Катерина присуствуваше на повеќе кралски настани. Кога нивната врска стана позната во јавноста, Катерина доби големо внимание од медиумите и се шпекулираше дека таа и Вилијам ќе се венчаат. Нивната веридба беше објавена на 16 ноември 2010 година, а тие се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија. По стекнувањето на неколку титули, станала и принцеза од Велс кога нејзиниот сопруг станал престолонаследник и ја добил еквивалентната титула.