Кетрин Ховард[1] (1521 – 13 февруари 1542 ) била петтата сопруга на Хенри VIII од Англија. Позната е и по називот кој тој ѝ го доделил: роза без трња.
Катерина Хауард | |
---|---|
Портрет од Ханс Холбајн Помладиот. | |
Кралска придружничка на Англија | |
На позиција | 28 јули 1540 – 23 ноември 1541 |
Сопружник | Хенри VIII од Англија |
Татко | Лорд Едмунд Хауард |
Мајка | Џојси Кулпепер |
Вероисповед | Католик |
Потпис |
Нејзината дата и место на раѓање се непознати (се претпоставува или 1521 или 1524 можеби во Вингејт, Дарем) Таа била ќерка на Лорд Едмунд Ховард, помладиот син на вториот војвода на Норфолк. Значи, таа била прва братучетка на втората сопруга на кралот, Ана Болејн. Веднаш по поништувањето на бракот со Ана Клевска, на 28 јули 1540 во палатата Отландс во Сури, Хенри и Кетрин се венчале. Меѓутоа, две години подоцна, таа била погубена поради предавство т.е прељуба за време на нејзиниот брак со кралот.
Детство
Кетрин Ховард била четвртото дете на Лорд Едмунд Ховард и Џојси Кулпепер. Точната дата на нејзиното раѓање е непозната, но се претпоставува дека е меѓу 1521 и 1525 Таа била внуката на Елизабет Ховард, мајката на Ана Болејн, Џорџ Болејн и Мери Болејн.
Кетрин, како внука на војводата од Норфолк, имала аристократско потекло. Но нејзиниот татко, не бил добро ситуиран бидејќи неговиот постар брат го наследил поголемиот дел од имотот и бидејќи имал голема фамилија. Поради тоа, често барал заеми од неговите роднини. Во 1531 годинанеговата внука, Ана Болејн, братучетката на Кетрин, му нашла државна работа [2] . Тој му помагал на кралот во Кале. Во тој период, Кетрин била испратена да живее со својата прабаба, Агнес Тилнеј, војвотката Довагер од Норфолк.
Во Ламбет, војвотката Довагер водела голем имот во кој беа сместени млади девојчинња и момчиња, најчесто децата на нејзните аристократски, но сиромашни роднини кои не можеле да ги издржуваат своите фамилии. Војвотката Довагер почесто била сместена во кралската палата отколку во сопствениот дом, па затоа не се интересирала многу за младите деца кои живееа кај неа. Кетрин немала толку добро обрзование како останатите сопруги на Хенри, но сепак, нејзината способност за читање се сметала за многу добра во тоа време. Луѓето ја опишувале како весела личност, но недоволно образована и не многу побожна. Развратениот живот кој го имала во куќата на војвотката, во 1536 ја довел до љубовна врска со нејзиниот учител по музика, Хенри Манокс[2]. Кога станала кралица, Манокс бил назначен за музичар на нејзиниот имот. Подоцна, во текот на судскиот процес, донел докази против неа.[2] За време на судењето, и Кетрин и Манокс ја признале својата љубовна врска.
Врската се прекинала во 1538 кога секретарот на војвотката, Френсис Дерем, ја убедил да го стори тоа. Потоа, тие станале љубовници и си се обраќале со ,,сопруг” и ,,сопруга”. Исто така, Дерхем ѝ доверил некои должности, карактеристични за сопругите во тоа време, како на пример, чување пари додека тој бил на службен пат. Цимерките и пријателите во куќата на војвотката знаеле за нивната врска, но кога во 1539 војвотката дознала, врската морала да заврши. И покрај забраната, постои можност тие да продолжиле да се гледаат и наводно имале план да се венчаат. Доколку си разменале заклетви пред да имаат полов однос, тогаш во очите на црквата тие би биле венчани.
Пристигнување во кралскиот двор
Чичкото на Кетрин ѝ нашол место во кралскиот двор на Хенри. Како млада и привлечна придружничка на новата сопруга на Хенри, Ана Клевска, Кетрин веднаш го привлекла виманието на Хенри, кој уште од самиот почеток не бил заитересиран за Ана. Роднините на Кетрин се сомневале дека таа може да се сноси со улогата на љубовница на кралот бидејќи пристигнала во дворецот само неколку месеци претходно и не била многу образована или пак интелегнтна. Со погубувањето на Ана Болејн поради наводно предавство и прељуба, положбата на фамилијата Ховард во дворецот на Хенри значително опаднала. Како католици, фамилијата се надевала дека преку Кетрин повторно ќе се врати вистинската вера во Англија (Ана Болејн била единствениот протестант во фамилијата Ховард). Со зголемувањето на интересот на Хенри за Кетрин, влијанието на нејзината фамилија се зголемило. Само по неколку месеци од нејзиното пристигнување во дворецот, Хенри ѝ доделил земја и ѝ поклонил скапи подароци.
Брак (1540)
Кога на 9 јули 1540 година Хенри го поништил бракот со Ана од Клевес, се рашириле гласини дека Кетрин е бремена со негово бебе. Венчавката која се случила по само неколку недели од поништувањето на претходниот брак, ја прикажала потребата на Хенри да го обезбеди престолот за фамилијата Тјудор со здрав и законски син, бидејќи имал само еден, Едвард (подоцна Едвард VI). Хенри, кој имал скоро 50 години и станувал сè постар и подебел, за да ја освои својата нова и млада сопруга, ја осипувал со подароци, накит и скапи фустани. Хенри бил многу среќен со убавата сопруга. Нејзиното мото: ,,Non autre volonté que la sienne", или ,,Неговата желба, моја заповед”, требало да ја изрази нејзината желба да му угоди на Хенри, маж постар од неа за 30 години.
И покрај новостекнатото богатство и моќ, Кетрин била незадоволна од брачниот живот. Неа ѝ се гадело од дебелината на Хенри (во тоа време имал околу 136 килограми и лошо мирисал поради гнојната рана на неговиот бут, која морала да се чисти секој ден). Во почетокот на 1541 Кетрин започнала кратка љубовна авантура со Томас Кулпепер, омилениот дворјанин на Хенри, кој ѝ се допаднал уште при нејзиното пристигнување во дворецот, пред две години. Тие се среќавале со помош на една од нејзините постари придружнички, Леди Рошфорд, вдовицата на братучедот на Кетрин, Џорџ Болејн (братот на Ана и Мери Болејн).
Луѓето почнале да ги забележуваат нејзините вонбрачни активности, па затоа ѝ барале одредени услуги. За да ги замолчи, таа почнала да им дава работа на нејзиниот имот. Најлошо било што за нејзин музичар го поставила Хенри Манокс, а за личен секретар Франсис Дерем. Овие грешки довеле до обвинувањата за предавство и прељуба, две години по нејзината свадба со кралот.
Пад (1541)
Кон крајот на 1541 година, северното напредување” на Англија завршило, а благодарение на Џон Ласцелес, брат на Мери Хал, слугинка кај војвотката Довагер, се дознале изневерувањата на Кетрин. Таа била сведок на нејзините сексуалните врски кога била помлада. Ласцелес за ова му кажал на Томас Кранмер, архиепископ од Кантербури и личен советник на Хенри.
На 2 ноември 1541 година Кранмер му дал писмо на Хенри со обвинувања против неговата сопруга. На почетокот, Хенри не сакал да верува и мислел дека писмото е измама, па побарал од Кранмер подетално да го испита случајот. По неколку дена, бил пронајден непоборлив доказ кој ги вклучувал изјавите на Дерем и Кулпепер, откако биле измачувани во Кулата, како и љубовно писмо од Кетрин до Кулпепер. Тоа е единственото нејзино писмо кое постои и ден денес.
Кетрин била обвинета за предавство, но никогаш, дури ни во последните минути од нејзиниот живот, не го признала неверството. Сепак, признала дека нејзиното однесување пред бракот, не ѝ доликувало на една дама, а особено не на кралицата на Англија. Според легендата, откако Кетрин била заклучена во нејзините соби, успеала на кратко да избега од стражата и да отиде во капелата каде што Хенри слушал миса. Таа чукнала на портите и го извикала неговото име (од тогаш, се вели дека нејзиниот дух се појавува на истото место и го повикува Хенри). Сепак, на крај, била уапсена од стражарите кои ја одвеле во нејзините соби во дворецот Хемптон каде нејзина единствена придружничка била Леди Рошфорд. Меѓутоа, овие тврдења се покажале како лажни, бидејќи Кетрин не ги знаела обвинувањата против неа сè додека на 7 ноември Кранмер и некои советници не дошле во дворецот Хемптон да ја испрашаат. Нејзините молби да го виде Хенри не биле послушани. Дури и строгиот Кранмер видел дека Кетрин е во излудена состојба, и рекол: ,,Беше исполнета со таква тага и тешкотија каква што досега не сум видел. Секој кој би ја погледнал би умрел од жал”. Тој им наредил на стражарите да ги тргнат сите предмети кои би можела да ги искористи за да се самоубие.
Доколку Кетрин и Дерем имале договор за свадба, тогаш кралскиот брак на Кетрин ќе се поништел и Хенри ќе ја протерал од кралството. Така таа ќе се посрамотела и ќе останела сиромашна, но сепак ќе била поштедена од грдата судбина што ја имала Ана Болејн. Меѓутоа таа, наместо тоа, цврсто тврдела дека Дерем ја присилил да биде со него.
Затвор и смрт
На 23 ноември, на Кетрин ѝ била одземена титулата ,,кралица” и во зимата 1541 била затворена во куќата Сион, Миделесекс. На 10 декември 1541 во Тибурн, Кулпепер бил обезглавен, а Дерем обесен и влечен поради предавство. Според обичајот, нивните глави биле оставени на Лондонскиот мост. Исто така, роднините на Кетрин биле однесени во Кулата, со исклучок на нејзниот чичко Томас, војводата на Норфолк, кој успеал да се тргне од скандалот. Сите тие роднини биле судени и осудени за предавство, а казната била доживотен затвор и кофискација на нивното богатство и имот. Меѓутоа, по некое време биле ослободени и нивните имоти и пари им се вратиле.
Кетрин била под суспензија сè до 21 јануари 1542 кога бил донесен предлог закон, со кој предавството се осудувало со смрт ако кралицата не му ја кажала својата сексуална историја на кралот во рок од 20 дена по свадбата. Со ова, Кетрин станала несомнено виновна. На 10 февруари 1542 Кетрин ја однеле во Кулата на Лондон. На 11 февруари, предлог законот добил кралско одобрување. Погубувањето на Кетрин го закажале на 13 февруари во 7 часот наутро.
Се вели дека ноќта пред погубувањето, Кетрин вежбала како да ја постави својата глава врз кладата. Умрела со сталоженост, но изгледала бледо и уплашено и барала помош да се искачи до губилиштето. Таа кажала дека нејзината казна е ,,праведна и заслужена”, и барала милостина за нејзините роднини како и молитви за нејзината душа. Според преданието, нејзините последни зборови биле: ,,Умирам како кралица, но сакав да умрам како сопруга на Кулпепер” . Меѓутоа, оваа последна изјава не се случила. Се измислила за да ѝ даде некаква уникатност на приказната на Кетрин. Била погубена со еден удар, а нејзиниот неозначен гроб бил до гробот на нејзината братучетка, Ана Болејн. Хенри не присуствувал.
Телото на Кетрин било пронајдено меѓу оние кои беа откриени при реставрацијата на капелата, за време на владеењето на Викторија. Таа била комеморирана на спомен плоча, посветена на сите оние кои умреле во Кулата. По смртта на Кетрин, Франсис I од Франција му пишал писмо на Хенри, во кое кажува дека жали за ,,непристојното и палавото однесување на кралицата” и го советувал дека ,,леснотијата на жената не смее да ја уништи честа на мажот”.
Историја
Кетрин е вклучена во две модерни биографии: Трагедијата на фамилијата Тјудор од Лејси Балдуин Смит (1967) и Кетрин Ховард: заговор на фамилијата Тјудор од Џоана Дени (2006). Двете биографии се помалку или повеќе милосрдни, иако не се сложуваат за некои важни прашања – мотивите на Кетрин, датата на раѓање и нејзиниот целосен карактер. Нејзиниот живот е прикажан и во петте студии за кралиците на Хенри на Алисон Веир, Шесте сопруги на Хенри VIII (1991) и во Шест сопруги на Дејвид Старки (2004).
Неколку од овие писатели го критикувале однесувањето на Кетрин. Лејси Балдуин го опишал нејзиниот живот како хедонистички, а нејзиниот карактер како на ,,малолетнички деликвент”. Во книгата Шесте сопруги на Хенри VIII на Алисон Веир од 1991 е опишана како ,,празноглава блудница”. Меѓутоа, современото мислење е посолидарно, особено во делата на: Леди Антонија Фрејзер, Карен Линдзи, Дејвид Лоадс и Џоана Дени.
Портрети од Кетрин Ховард
Години по смртта на Џејн Симор, уметниците продолжиле да ја цртаат на портретите со кралот Хенри VIII, бидејќи тој продолжил да ја почитува како единствената сопруга која успеа да му роди син. Многумина од нив, го копирале портретот насликан од Ханс Холбајн Помладиот, бидејќи тоа бил единствениот голем и достапен портрет. Откако Кетрин Ховард била погубена, дури и фамилијата Ховард ја отстранила нејзината слика од галеријата со портрети на фамилијата, бидејќи Хенри никогаш не ѝ простил за предавството. Откако умрела, никој не се осмелил да направи нов портрет од неа.
Портретот во минијатура на Холбајн, кој има две верзии (во Кралската збирка и кај војводата од Буклеш), денес се верува дека е едниствениот во кој Кетрин е насликана во живо. Била насликана за време на нејзиното кратко владеење како кралица на Англија (според деталите на нејзиниот фустан). На тој портрет го носи истиот накит како и Џејн Симор на сликата од Холбајн во Виена. Според податоците, овој накит му припаѓал на кралството, а не на некоја кралица лично, и не постојат податоци дека биле извадени од кралската ризница и дадени на некому како подарок.
Со векови се верувало дека една слика од Ханс Холбајн е портрет од Кетрин (сликата NPG 1119, во сопственост на Националната галерија на портрети во Лондон, именувана како ,,Непозната жена, претходно позната како Кетрин Ховард"). Денес, некои историчарии се сомневаат дека портретот е на Кетрин. Антонија Фрејзер, тврди дека портретот е на Елизабет Симор, сестрата на Џејн Симор. Жената од портретот личи на Џејн (особено во брадата) и носи алишта на вдовица, кои Кетрин никогаш немала прилика да ги носи. Понатаму, жената на сликата има дваесет и една година, но постои можност Кетрин никогаш да не стигнала до таа возраст (дури и да ја прифатиме најраната можна година на нејзиното раѓање, 1520/21год. Кетрин би наполнала дваесет и една година во 1541 или 1542, период кога таа или била во затвор или била веќе мртва). Друга можност е портретот да е на Леди Маргарет Даглас, внуката на Хенри, свекрвата на шкотската кралица, Мери.
Поврзано
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.