Катедрала Санта Марија Асунта (Бреша)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Новата катедрала или поточно летната катедрала Санта Марија Асунта претставува главната црква во Бреша, и воедно мајка црква на истоимената епархија. Катедралата е прогласена и за италијански национален споменик. Таа е сместена на плоштадот Пјаца Паоло VI, уште попознат и како плоштад Пјаца дел Дуомо. На овој плоштад се наоѓаат две соседни катедрали една до друга, односно новата катедрала е веднаш до старата катедрала. Местото за богослужба било оформирано помеѓу 1604 и 1825 година на истиот простор каде што некогаш постоела ранохристијанската базилика Сан Пјетро де Дом, која потекнувала некаде уште од 5 или 6 век. Оваа катедрала исто така е и седиште на парохија која пак е дел од пасторалната област на централна Бреша.